Протагонист

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шекспировиот Хамлет, принцот од Данска. Вилијам Морис Хант, масло на платно, ок. 1864

Протагонист[1][2] или главен лик — централната личност во една приказна. Не е сосема јасно што оваа главна личност наложува. Поимите протагонист, главен лик, јунак и херој се различно дефинирани и зависи од изворот можат да се погледнат од друг концепт. Зборот „протагонист“ произлегува од грчкото πρωταγωνιστής (протагонисти), „оној кој глуми во првиот чин, водачот“[3][4].

Главно речено, терминот протагонист секогаш е дефиниран или како синоним со терминот главен лик или е дефиниран како друг поим, во одреден случај еден лик може да ја земе (што е всушност најчесто) функцијата и како протагонист и како главен лик или двете функции можат да бидат поделени.

Главниот противник на протагонистот е лик наречен антагонист кој ги претставува или прави тешкотиите/проблемите кои протагонистот мора да ги надмине/реши. Во една приказна може да има повеќе антагонисти.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]