Филмски жанр

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во филмската теорија, жанр се однесува на методот на филмско категоризирање на сличностите на раскажувачките елементи од кои филмовите се направени. Повеќето од теориите за филмскиот жанр се позајмени од критицизмот на литературните жанрови. Жанрот во литературен контекст, има голема расправа за тоа како да се дефинира или категоризира. Покрај основната разлика кај жанрот помеѓу фиктивност и документарност, филмскиот жанр може да се категоризира на повеќе начини.

Фиктивните филмови најчесто се категоризирани според нивниот простор, тема, начин и формат [се бара извор]. Просторот е средината или околината каде приказната и дејството се случуваат. Темата се однесува на проблемите и настаните околу кои филмот се врти. Начинот е емоционалниот тон на филмот. Форматот се однесува на начинот на кој е снимен филмот (пр., анаморфски екран) или на видот на презентацијата (пр.: 35 мм, 16 мм или 8 мм). Друг начин на категоризирање на филмовите е самата публика. Некои филмски теоричари се караат околу тоа дека ниту форматот ниту публиката на се филмскиот жанр.

Филмските жанрови често се поделени на повеќе поджанрови, на пример најголемиот дел од филмот се случува во судница и дејството се врти околу нечие судење тогаш велиме дека филмот е правна драма. Исто така, жанровите можат да бидат така комбинирани за да се добијат таканаречени хирбидни жанрови како мешавината на научнофантастичност и хорор во филмскиот серијал Вонземјанин.

Категоризација на филмски жанрови[уреди]

Се користат три основни типови при категоризација на филмови: опкружување, карактер и формат.

Опкружување[уреди]

  • Криминал: дејството е составено со криминални активности, или организации кои се обидуваат да ги спречат.
  • Источни: слични на Западни, но од Азија, со Нинџи и Самураи.
  • Фантазија: фикција надвор од реалноста (пр. митови, легенди)
  • Филм ноар: главните ликови се портретирани во нихилистичко и егзистенцијалистичко опкружување.
  • Историја: дејството се одвива во минатото, меѓу важни историски околности.
  • Музика: во врска со музичари, музика и нивните инструменти, но не смее да се помеша со мјузикл.
  • Затвор: дејството се одвива во затворска околина, каде ликовите можат да бидат виновни или невини.
  • Научна фантастика: одредени од ефектите на шпекулативна (се уште не постоечка) технологија (пр. патување низ времето).
  • Спорт: спортски настани и локациите каде што се одвива.
  • Шпионски: приказната е базирана на шпионски дејства. Пример: Џејмс Бонд.
  • Војна: бојното поле и локацијата за време на војна.
  • Вестерн: дивина на работ на цивилизацијата, обично на американскиот запад.

Карактер[уреди]

  • Акција: во главно се работи за морална борба меѓу „доброто“ и „лошото“ одиграно преку насилство и физичка сила.
  • Авантура: вклучува опасност, ризик и често висок степен на фантазија.
  • Комедија: наменето да предизвика смеа.
  • Драма: длабоко го разработува карактерот на главните ликови, односи и емотивни теми.
  • Хорор: провоцира страв кај публиката.
  • Мистерија: не разбирливост на дејството на филмот се до крајот.
  • Романса: елементи на романтична љубов.
  • Трилер: провоцира возбуда и нервозна тензија.

Список на филмски жанрови[уреди]

Филмски жанрови[уреди]

Филмски стилови[уреди]