Кирил Петрушев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Кирил Петрушев

Во служба
16 април 1945 – 11 февруари 1946
Претседател Лазар Колишевски
Претходник  ?

Роден(а) 1895
Богданци, Отоманска империја, денес Република Македонија
Националност Македонец
Партија КПМ

Кирил Петрушев (Богданци, 1895Скопје, 2 мај 1980) бил прв министер за внатрешни работи на Македонија, подоцна маргинализиран од политичкиот живот поради поддршката на Резолуцијата на Информбирото.

По Првата светска војна емигрира во Бугарија, но во 1923 година, по Септемвриското востание, се враќа во Југославија. Активно се вклучува во синдикалното движење.

По бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна е прогонуван и апсен. Се вклучува во НОВ. Станува член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и е дел од трочлената македонска делегација што во мај 1944 година заминува за островот Вис за да се сретне со Јосип Броз Тито. По враќањето во Македонија учествува на Првото заседание на АСНОМ на кое е избран во Президиумот како повереник за внатрешни работи. Во 1944 година Петрушев станува и член на Комунистичката партија на Македонија.

При изборот на првата влада на Македонија на Третото заседание на АСНОМ на 16 април 1945 година, Петрушев е избран за министер за внатрешни работи.[1] На таа функција останува неполна година, до 11 февруари 1946 година, кога е преместен за министер за градежништво.[2] При изборот на новата влада на 31 декември 1946 година тој е избран за министер за труд[3] и на таа функција останува до 26 октомври 1948 година, кога е разрешен.[4] Поради поддршка за Резолуцијата на Информбирото, Петрушев е исклучен од КПМ, ослободен од сите функции и пензиониран.

[уреди] Извори

  1. Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 50 стр.
  2. Службен весник на Народна Република Македонија 4/1946, 1 стр.
  3. Службен весник на Народна Република Македонија 2/1947, 1 стр.
  4. Службен весник на Народна Република Македонија 33/1948, 1 стр.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици