Ратко Јанев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ратко Јанев
Роден 30 март 1939
Свети Врач (денес Сандански), Царство Бугарија; (Пиринскиот дел на Македонија)
Починал 31 декември 2019(2019-12-31) (возр. 80)
Белград, Србија
Занимање јадрен физичар, професор

Ратко Јанев (р. 30 март 1939, Свети Врач, Пиринска Македонија31 декември 2019, Белград, Република Србија) — македонски атомски физичар, член на МАНУ. Гимназија завршил 1957 г. во Скопје, а 1963 г. дипломирал на Електротехничкиот факултет (група техничка физика) на Универзитетот во Белград. Постдипломските студии ги завршил во 1965 г. на Природно-математичкиот факултет, и потоа се вработил во Институтот за јадрени науки Борис Кидрич во Винча. Од 1966 до 1967 г. се наоѓа на специјализација на Ленинградскиот државен универзитет, каде што работел на својата докторска дисертација „Процеси на електронскиот зафат во бавните атомски судири“ која ја одбранил 1968 г. на Природно-математичкиот факултет во Белград.

Работи како научен советник во Институтот за јадрени науки „Борис Кидрич“ во Винча од 1981 г. Од 1969 г. држи курсеви на постдипломските студии на ПМФ во Белград (Отсек за теориска физика), а 1970-73 г., а држел предавања по атомска физика на ПМФ во Скопје. Како професор-гостин држел предавања на повеќе европски и американски универзитети.

Научна дејност[уреди | уреди извор]

Јанев е професор со светски углед во областите на атомската и јадрената физика, член на МАНУ, професор и консултант на повеќе светски познати универзитети и институти. Има објавено голем број научни трудови во водечките меѓународни научни списанија. Со над 600 научни трудови во меѓународни списанија со импакт фактор (SCIndex ili IF [1]) академик Ратко Јанев[2] е еден од најпродуктивните физичари во втората половина на двадесеетиот век во светската физика. проф. Ратко Јанев е држал позиции во Нобеловиот комитет (како предалагач на кандидатите за Нобеловата награда за физика во осумдесеттите и деведестите години на минатиот век и претставува еден од најцитираните физичари во областа на атомската физика. Ратко Јанев е, мегу другото, и добитник на престижната Хумболтова награда за физика.

Неговата научна дејност се одвива, главно, во областа на општите и методолошките проблеми на квантната теорија на меѓучестичните заемни дејствувања, теоријата на заемните дејствувања и судирните процеси меѓу атомските честички, кинетичките и транспортните процеси во јонизираните средини, физиката на заемното дејствување и судирните процеси меѓу атомските честички и површината на цврстите тела, физиката на гасните ласери и физиката на контролираната термојадрено соединување. Покрај ова, неговиот научен интерес е насочен и кон некои специјални проблеми во астрoфизиката, физиката на јоносферата, на тешките јони, на јонските извори и др.

Ратко Јанев има објавено трудови во различни полиња од модерната физика, од кои најзначајните се од областа на атомските заемни дејствувања и судирните процеси, заемните дејствувања и судиирните процеси на атомските честички во цврсти површини, физиката на јонизираните гасови, гасните ласери и контролираната термојадрено соединување. Активно соработува со Скопскиот универзитет и со МАНУ и неговиот придонес за развитокот на науката во Македонија е исклучително забележителен. За член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во октомври 1988 година[3].

Дипломатска дејност[уреди | уреди извор]

Ратко Јанев бил претставник на Република Македонија во Мегународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена, Австрија [4], и прв мегународен функционер во мегународните установи во системот на ОН од Македонија, по осомостојувањето на Република Македонија. Ратко Јанев во 1993. година помогна во процесот на зачленувањето на Македонија во Мегународната Агенција за Атомска Енергија.

Во рамките на научно-дипломатската активност во Меѓународната агенција за атомска енергија (МАЕА), Јанев е познат како основач и раководител со Програмата на МААЕ / ООН за мирно користење на термојадрено соединување како извор на енергија планирана за втората половина на 21 век. Оваа програма на МААЕ е координирана со повеќе од 50 земји-членки на ООН кои имаат и имаа национални јадрени програми и чии лаборатории можат научно и технички да ги поддржат условите за експериментите од областа на соединување. ЕУ, како и бројни лаборатории за соединување од сите континенти во светот, па и поранешната СФРЈ, учествуваа во оваа програма. Најпознатиот експериментален термојадрен реактор ("ТОКАМАК") е познатиот ITER, сместен во Франција, кој се очекува експериментално да произведе излезна („аутпут") енергија поголема од влезната те. „инпут" енергија (те. "Breakeven") во текот на следните десет години, по што според стратегиите на МААЕ би требало да се влезе во последната „комерцијалната фаза“ на употребата на овој вид јадрена енергија.

Книги[уреди | уреди извор]

Наслови и наводи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Импакт Фактор (Impact faktor) за индексирани академски научни списанија
  2. Редовен член на МАНУ
  3. Извор: Агенција за иселеници на РМ
  4. со мандатот од 1988 до 2000 (а во службата-квотата на Република Македонија од 1993. г.)