Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Вевчани

Координати: 41°14′24.12″N 20°35′34.6″E / 41.2400333° СГШ; 20.592944° ИГД / 41.2400333; 20.592944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица

Поглед на портата на црковниот двор

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Вевчанска
Местоположба

Карта

Координати 41°14′24.12″N 20°35′34.6″E / 41.2400333° СГШ; 20.592944° ИГД / 41.2400333; 20.592944
Место Вевчани
Општина Вевчани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Архитектонски опис

Успение на Пресвета Богородица (наречена уште и Долна црква) — поранешна црква во селото Вевчани.[1]

Во црквата се влегувало низ две поголеми порти, од исток и од запад, а имало и други помали влезови и скалила од северната страна, коишто се користеле во други прилики. Денес, постојат видливи траги од црквата во средиштето на Вевчани.[2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во близина на самото средиште на Вевчани, во непосредна близина на старото училиште,[2] а денес Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата постоела одамна, но Турците ја срушиле. На истото место вевчанци започнале со градба на нова црква во периодот 1921-1928.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена повеќе од 1,5 метри во височина (до прозорците), но поради недостиг на средства, градбата била прекината.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Светилишта | Vevchani Info“. vevchani-info.mk. Посетено на 2018-12-15.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]