Шарена џамија
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Шарена џамија | |
Шарената џамија во Тетово |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Тетово, Македонија |
| Координати | |
| Религија | Ислам |
| Карактеристики | |
| Должина | 10 m |
| Ширина | 10 m |
| Минаре/иња | 1 |
Шарената џамија е мошне живописна џамија која се наоѓа во Тетово, Република Македонија[1].
[уреди] Историја
На десниот брег на реката Пена во градот Тетово во XV век е подигната џамија со турбе што денес е во урнатини. Џамијата е значајна по своите внатрешни и надворешни сликарски декорации[2]. Особено е живописана јужната страна која се гледа од главниот пат што води кон Гостивар. Во составот на овој амбиент, се наоѓа и зачуваниот амам, кој денес е уметничка галерија, како и конаците претставуваат интересна урбанистичка целина. Со конзерваторско-реставраторските работи на сликарите во џамијата и надвор од нејзината фасада, повратен е некогашниот изглед и убавина.
[уреди] Наводи
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Шарена џамија“ |
|
||||||||||||||