Пена

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Пена


РЕКА ПЕНА
Извор Чабриолица на Шар Планина
Устие Вардар, кај с. Сараќино
Земји во сливот Полог, Македонија Македонија
Должина 29,7 km
Надм. вис. на изворот 2400 m
Сливно подрачје 192 km²

Пена или Тетовска Река е најголемата Шарпланинска река после Вардар во Полошката Котлина. Таа е и воедно најголема вардарска притока од шарпланинските реки.


Содржина

[уреди] Извор и устие

Извориштето на реката започнува кај месноста Чабриолица и Борислоица, високо на Шар планина, на некаде околу 2.500 метри надморска висина. најпрвин течат две рекички, кои се соединуваат кај селата Вешала и Бозовце[1]..

Поминувајќи низ самиот центар на Тетово, таа се спушта во полошкото поле, и кај селото Сараќино се влева во Вардар.


[уреди] Карактеристики

Камен мост на реката Пена во Тетово

Извориштата на реката се на околу 2.500 метри надморска висина и со висинка разлика од околу 1.914 m. Реката е долга 29,7 km. Таа во своето корито прима 12 други реки, од кои најпознати се Караниколска Река, Пржина, Вејчка, Лешничка, Бродечка и други[2].

[уреди] Значење

Пена има големе значење за Градот Тетово и како симбол, а и како објект од голем економски потенцијал. Од туристичка гледна точка, реката со својот див планонски тек и прекрасни водопади, мами голем број на туристи. Од економски аспект реката е важна, бидејќи на неа се наоѓаат 4 мали хидроцентрали, од кои едната е прва хидроцентрала во Македонија.

Во 1979 година, после поројните дождови реката има надојдено и поплавено голем дел од Тетово, при што нанела големи штети[3].

[уреди] Наводи

  1. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
  2. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 68-70
  3. Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово

[уреди] Види исто така