Кобилица (планински врв)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Кобилица (планински врв) | |
|---|---|
| Висина | 2.528 метри. |
| Местоположба | |
| Венец | Шар Планина |
| Прво освојување | непознато |
Кобилица е врв на Шар Планина. Висок е 2528 метри и се наоѓа во централниот дел на главниот шарпланински срт кој ја формира македонско-косовската граница. Позат е по својота остра пирамидална форма и карпестиот гребен Трескавец на западната страна од врвот.
Поврзан е со Црн Врв на северо-исток преку кобиличкиот премин (2170 m), а на запад сртот продолжува кон карпестиот гребен на Трескавец, па потоа кон преминот Љубински уши и врвот Вртоп.
Кобилица во целина плени со својата убавина и правилна форма а кај планинарите влева и стравопочит со неговите остри и карпести страни. Го нарекуваат уште и Тетовски Матерхорн, како споредба со познатиот Матерхорн на Алпите. Се гледа од Тетово и од Призрен.
Врвот е најпогоден да се искачува по планинарска високогорска патека од две страни, и тоа од источниот гребен, или од кобиличкиот премин. Северната и јужата страна на врвот се премогу стрми, а искачувањето од западната карпеста страна е можно само со алпинистичка опрема, во погодни временски услови. Исклучително опасно е искачување во зимски услови заради можноста од лавина или лизгање.
Галерија [уреди]
| Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |