Бело Езеро (Шар Планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бело Езеро

Карта

Површина 1.482 м2
Должина 203,4 м
Ширина 100 м
Обем 520,7 м
Длабочина 1 м
Надморска висина 2.275 м
Планина Шар Планина


Бело Езеро — ледничко езеро во Македонија, едно од 27. езера на Шар Планина.[1]

Езерото се наоѓа во сливното подрачје на Боговињска Река на надморска височина од 2.275 метри. Истото се протега во насока север-југ.[2]

Одлики[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во Брустовичкиот масив заедно со Црното и Боговињското Езеро.[3]

Ова е едно од најубавите шарски езера, кое има постојан водостој, без разлика на атмосферските талози. Хранењето на езерото се врши со изворите кои се наоѓаат во неговата непосредна близина и со топењето на ледниците, додека пак се празни преку истека, која се влива во Боговињска Река. Негова карактеристичност е големата проѕирност на водата.[2]

Вкупниот обем му изнесува 540 метри и има елипсовидна форма. Има површина од 18.000 м².[4] Се наоѓа на карпест басен, кој е опколен со прекрасни пасишта. Во езерото се влеваат неколку потоци и на самиот брег има многу извори, некои постојани, некои повремени. Еден поток се одлева и се влева во Боговињска Река. Езерото е постојано, не пресушува. Водата е кристално чиста.[5]

Мерења во 2020 г.[уреди | уреди извор]

Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 1.482 м2, длабоко е 1 метар, долго е 203,4 метри, широко е 100 метри, а средната широчина му изнесува 72,9 метри. Должината на бреговата линија е 520,7 метри, а коефициентот на развиеност 1,21.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  2. 2,0 2,1 2,2 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Посетено на 29 јануари 2022. line feed character во |title= во положба 31 (help)
  3. Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
  4. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 53-54
  5. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година