Боговињска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боговињска Река
Местоположба
Физички особености
УстиеВардар
Особености на сливот

Боговињска Река (месно: Голема Река, Пала’а Река) се наоѓа во централниот дел на Шар Планина и има површина на речниот слив од 61,46 км2. Настанува со спојување на Слапска Река и Езерска Река[1], чии изворишни делови на околу 2300 мнв се сметаат за извор и на Боговињска Река. Поточно, Боговињска Река извира од месноста Чубричево на Рудока на надморска височина од 2340 метри, а се влева во Вардар северно од селото Радиовце на надморсак височина од 450 метри, при што има пад на коритото од 1890 метри[2]. Вкупната површина на сливот изнесува 72 км2[2], при што во него спаѓаат Езерска Река која како нејзина изворишна челенка протечува низ Боговињско Езеро и Слапска Река (Смрека) кои по своето составување течат под името Велика Река во која под Ново Село ги примаат утоките Мазелар и Циганска Река, од каде понатаму го носи името Боговињска Река. Течејќи во правец запад-исток се влева во Боговињското Езеро од кое потоа продолжува како негова отока. Понатаму минувајќи низ селата Ново Село и Боговиње се спушта во Полог каде што поминувајќи низ селото Радиовце се влева во Вардар[3] како негова лева притока, со што припаѓа на Егејскиот речен слив.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
  2. 2,0 2,1 Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 171.
  3. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 47-48