Кривошијско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кривошијско Езеро

Карта

Површина 15.540 м2
Должина 204 м
Ширина 120 м
Обем 755 м
Длабочина 0,5 м
Надморска висина 2.237 м
Планина Шар Планина
Кривошијско Езеро на Ризницата


Кривошијско Езеро — ледничко езеро во Македонија, едно од 27. езера на Шар Планина.[1]

Езерото се наоѓа источно од врвот Турчин (2.702 м.) на надморска височина од 2.237 метри.[2]

Одлики[уреди | уреди извор]

Глетка од Кривошијското Езеро и врвот Шар (Титов) во позадината

Се наоѓа на 2.250 метри надморска висина. Долго е 115, а широко е 87,5 метри, има најголема длабочина од 0,5 метри.[3] Вкупниот обем му изнесува 325 метри и има површина од 7.400 м².[3]

Сместено е на самиот крај на длабоката и вовлечена долина Крива Шија по која што го добило името и која што е оградена од запад со истоимениот врв висок 2.511 метри, кој го одделува од изворите на Пена, на југ и исток со највисоките шарски врвови Титов Врв (2748 м.) и Мал Турчин (2702 м.), а на североисток со врвот Среден Камен висок 2465 метри. Околу езерото има ливадеста површина, но самото езеро е загадено. Причините се наноси на прав и самото капење на овците кои ја напасуваат околината. Езерото се одржува од неколку притоки, а се одлива преку истек што понира. Сочуваните траги укажуваат дека езерото некогаш било пошироко и подолго.[4]

Мерења во 2020 г.[уреди | уреди извор]

Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 15.540 м2, долго е 204 метри, широко е 120 метри со средна широчина од 76,1 метар. Должината на бреговата линија изнесува 755 метри со коефициент на разгранетост 1,71. Езерото водата ја губи преку понирање на водата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  2. 2,0 2,1 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Посетено на 30 јануари 2022. line feed character во |title= во положба 31 (help)
  3. 3,0 3,1 Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 208.
  4. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 53

Надворешни врски[уреди | уреди извор]