Живко Стефановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Живко Стефановски

Живко Стефановски (Радиовце, Тетовско, 12 мај 1923 - Радиовце, Тетовско, 1 јули 2008) — поранешен тетовски функционер, писател и публицист. Роден е во селото Радиовце, Тетово. Уште од најмладите години се занимавал со новинарство, но не напуштајќи го и тогаш кога се наоѓал на други одговорни општествено-политички функции. Повеќе години бил професионален новинар.

Соработка[уреди | уреди извор]

Соработувал со белградскиот неделник Неделни Илустрации (пред војната), Борба, Вечерни Новости, Партиски Живот, Комунист, Журнал и други. Но полна новинарска афирмација стекнува као соработник, а потоакако дописник на Нова Македонија од Тетово. Бил на должност главен и одговорен уредник на тетовското месечно списание Полог и Радио Тетово. Бил и директор на центарот за информирање и издавачка дејност „Полог“ од Тетово.

Издаваштво[уреди | уреди извор]

Од областа на публицистиката има објавено неколку трудови: „Операција долга шест години“, „Последниот јатак“ (заедно со Јован Павловски), „Живот зад затворени врати“, „Монографија за Тетово“ (со Јован Павловски), „Од револуционерното минато на Тетово“ (со Миле Арсениевски), „Полошка панорама“, „Тетовската партиска организација во 1942 и 1943 година“ (со јован Павловски), „Монографија за Тетово и околината“ (со Гојко Ефтоски), „Шар Планина“ (прво и второ издание), „Солидарноста на дело“ (со Гојко Ефтоски и Абдураман Алити) и „Појдовте млади во виорот“. Има напишано и објавено три монографии за тетовски стопански работни организации.

Одликувања[уреди | уреди извор]

Носител е на седум одликувања, а за новинарско-публицистичката активност има добиено неколку признанија и награди, меѓу која е и наградата „19 Ноември“ на град Тетово.