Ливадица (врв)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ливадица

Поглед на врвот Ливадица, со Љуботен во позадината, сликани од Пирибег
Висина &100000000000024970000002.497 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато
Најлесна патекаПл. дом „Љуботен“ - Козја Стена - седло - Ливадица

Ливадица е планинскиот врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.497 метри. Ливадица е вториот врв на главниот срт на протегање на Шар Планина, сместен на главното планинско било и срт помеѓу Љуботен и Пирибег. Веднаш непосредно под врвот на север се наоѓа познатото ледничко Ливадичко Езеро. Се издигнува над селото Вратница и до самиот врв е покриен и обраснат со трева, при што на него нема каменести делови (сипари) како на соседниот врв Љуботен, заради што најверојатно поради ливадскиот изглед на планинското било до самиот врв со бујна трева, го добил и името Ливадица. Истото го запишал и македонскиот револуционер Ѓорче Петров во книгата Материјали по изучувањето на Македонија, каде опишувајќи ја Шар Планина запишал: Ливадица — како што покажува и самото име, таа е покриена со густа трева и бујни пасишта, како ливада[1].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 30. ISBN 978-608-245-113-8.