Зрновска Река
| Зрновска Река | |
Зрновска Река во центарот на Зрновци |
|
| Извор | Козобран на Плачковица |
|---|---|
| Устие | Брегалница кај патот Кочани-Зрновци |
| Земји во сливот | |
| Должина | 24 km |
| Надм. вис. на изворот | 1420 m |
| Сливно подрачје | 70 km² |
Зрновска Река се наоѓа во источниот дел на Македонија, во атарот на општина Зрновци, и е лева притока на Брегалница. Реката извира под врвот Козобран, во месноста Бачалија, на Плачковица, на надморска височина од 1.420 м.
Сливното подрачје на Зрновска Река изнесува 70 км², а должината 24 км[1]. Нејзиниот релативен пад изнесува 47,6%. Од извориштето тече кон запад под името Улмија, а потоа свртува кон север и е позната како Зрновска.
До селото Зрновци реката е планинска со клисуреста долина, а потоа низ полето, до вливот, тече како рамничарска река. Се влева непосредно до патот Кочани-Зрновци, на надморска височина од 325 метри. Од реката се наводнуваат околу 250 хектари под пченка, праз и други земјоделски култури.
На реката Зрновка има изградено хидроцентрала што во голема мера го изменила природниот водотек на реката и животните услови во неа.