Сплав

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Традиционален дрвен сплав во Црна Гора
Рекреативно сплаварење во Бразил

Сплав или скеле е рамна конструкција која плута и се употребува за воден транспорт. Ова е наједноставниот вид на пловило, кој се карактеризира со отсуството на труп. Наместо ова сплавовите се одржуваат во вода со помош на пловни материјали како дрво, запечатени буриња или пак напумпани воздушни комори. Традиционалните примитивни сплавови е прават од дрво или трски. Денешните сплавови користат понтони, барабани или пак блокови од стиропор. Сплавовите на надувување користат издржливи повеќеслојни гумирани платна. Зависно од употребата и големината, сплавот може да има и надградба, јарболи или кормила.

Стопанското шумарство порано се користело со сплаварење за пренос на трупците со нивно врзување во сплавови и пловејќи (или влечејќи) ги по река. Овој метод на пренос бил доста чест сѐ до средината на XX век, но денес ретко се користи.

Типот на сплав кој се користи за рекреативно сплаварење е всушност чамец на надувување, изработен од еластични материјали, соодветни за пловидба по брзаци.

Видете исто така[уреди]