Оча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оча
Местоположба
Физички особености
ИзворКараџица
 • координати41°43′21″N 21°16′55″E / 41.72250° СГШ; 21.28194° ИГД / 41.72250; 21.28194
 • надм. вис.Караџица (1.250 м)[1]
Устиеез. Козјак
 • координати
41°48′30″N 21°11′9″E / 41.80833° СГШ; 21.18583° ИГД / 41.80833; 21.18583
 • надм. вис.
392 м[1]
Должина17 км[1]
Особености на сливот
Оча во рамките на Македонија
извор
утока
Изворот и утоката на Оча

Очарека во Поречието, северозападна Македонија, една од најзначајните понорници во земјата. Тече низ природниот резерват Јасен[1], и нејзиното поречие е значајно по разновидните ендемски и други видови, и нејзиниот горен дел подлежи на особено строга заштита.[1] Преку езерото Козјак завршува во сливот на Треска, и била нејзина притока пред создавањето на акумулацијата.[2] Главниот водотек е долг 17 км.[1] Зафаќа од сливно подрачје од 75 км2, намалено од претходните 81,3 км2 пред исполнувањето на акумулацијата Козјак, која зафатила дел од коритото.[1]

Течение и одлики[уреди | уреди извор]

Извира во западниот дел на планината Караџица, недалеку од месноста Јалоарник[3] и ги прима потоците Бурин Дол и Варен Дол како десни притоки. Се одликува со асиметрична долина, а во средниот тек тоне под земја.[2] Тече во северозападен правец, покрај падинската месност Подово, и по десниот брег ги одминува пештерите (поточно, поткапини) Црна Пеш и Веља Пеш кај Селиште во атарот на с. Тажево, каде го прима потокот Буков Дол од лева страна, а потоа минува крај пештерата Грнец од десно[3]. Оча потоа постепено се спушта на понизок терен во атарот на с. Брезница и го прима Широк Дол од десната страна. По неколку километри Оча навлегува во атарот на с. Здуње, каде во неа дотекуваат Козји Дол и Црковни Дол од левата. Последна притока ѝ е потокот Сремечки Дол во стрмнината Капина, со кој заедно ја образуваат северозападната граница на Сува Планина.

Оча се одликува слаб површински протек поради понорниот карактер (просечно само 0,4 м3), но затоа има забележителни наслаги и прегради од бигор кои се сметаат за природна знаменитост.[1]

Реката завршува влевајќи се во тесен залив во езерото Козјак на Треска кај археолошките наоѓалишта Градиште (Градец) и Подградец во атарот на Здуње. Овој залив е значаен како природно мрестилиште македонската пастрмка и затоа постои предлог за забрана на риболовот во него[1].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 Истражувачко друштво „Урсус Спелеос“ (4 март 2011). „Студија за валоризација на природните вредности на повеќенаменско подрачје Јасен“ (PDF). Посетено на 11 февруари 2017. Недостасува |author1= (help)
  2. 2,0 2,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 53. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  3. 3,0 3,1 О. Гичевски и сораб. „Природна карта на Општина Македонски Брод“ (PDF). Истражувачко друштво „Урсус Спелеос“. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-06-27. Посетено на 11 февруари 2017. Недостасува |author1= (help)