Блаштица

Координати: 41°15′37″N 21°57′10″E / 41.26028° СГШ; 21.95278° ИГД / 41.26028; 21.95278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Блаштица
Блаштица покрај патот Мрежичко-Рожден
Местоположба
ДржаваМакедонија Македонија
Општина Кавадарци
СелаМрежичко, Рожден
Физички особености
Извор 
 • местоКожуф
Устие 
 • координати
41°15′37″N 21°57′10″E / 41.26028° СГШ; 21.95278° ИГД / 41.26028; 21.95278
 • надм. вис.
271 м
Големина на сливот184,32 км2
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море

Блаштица — река во Македонија, сместена во подрачјето помеѓу планините Мариовски Козјак и Кожуф.[1]

Се наоѓа источно од селото Рожден, а се влева во Црна Река.[1] Реката претставува значајно геонаследство од сферата на хидрологијата во Македонија.[2]

Течение[уреди | уреди извор]

Реката Блаштица е збирно име кое реката го добива во долниот тек. Водотекот извира под врвот Голем Козјак (1.814 м.) на надморска височина од 1.720 метри, тогаш позната како Мајденска Река, која настанува со спојување на водите на Бистричка Река и на Јаворска Река. Кај селото Рожден, реката е позната како Бистра, а кога започнува да се движи кон селото Мрежичко е позната како Блаштица и се движи кон северозапад.[3]

Слив[уреди | уреди извор]

Сливното подрачје на реката изнесува 184,32 км2.[1]

Клисура[уреди | уреди извор]

Помеѓу селата Рожден и Мрежичко, изградена е импозантна клисуреста долина, која на места има кањонски карактер. Овде речното дно се всекува во цврста карпеста подлога претставена со тријаски мермеризирани варовници и доломити. Долж речното корито се забележуваат и помали каскади и џиновски лонци.[3]

Долината низводно од селото Рожден има должина од 11 километри.[2]

Загадување[уреди | уреди извор]

Реката годишно носи нанос од 50.000 м3, кој главно се слива од отворениот коп на рудникот ’Ржаново, чиј нанос завршува во Блаштица преку притоката Казарик.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 13. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 2,0 2,1 Група автори (2016). „5“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 260. ISBN 978-9989-110-90-0.
  3. 3,0 3,1 Јанчев, Митко (2012). Одредување на потеклото на термоминералните води на Кожуф Планина со примена на стабилните изотопи на кислород и водород. Штип: Универзитет „Гоце Делчев“. стр. 17.
  4. Студија за ревалоризација на природните вредности на заштитеното подрачје строг природен резерват „Тиквеш“. Скопје: УНДП. 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]