Ѓаволски Водопад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓаволски Водопад
Кочулски Водопад
Поглед на водопадот
Карта
МестоБеласица, Општина Валандово
Највисок слап19 м
РекаКалдрма Дере

Ѓаволски Водопад (познат и како Кочулски Водопади) — водопад сместен на западното подножје на јужните падини на планината Беласица, по текот на реката Калдрма Дере, во Валандовско. Водопадот се наоѓа на надморска висина од 580 метри во околината на селата Бајрамбос и Кочули.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Воздушен поглед на водопадот, како и пристапниот земјен пат од селото Бајрамбос

Водопадот се наоѓа во атарот на валандовското село Бајрамбос, од каде води и самиот пат, кој до селото е асфалтен, а потоа продолжува како земјен пат. Селото Кочули се наоѓа во долината на реката Калдрма Дере.

За разлика од останатите познати водопади кои се наоѓаат на северната страна на планинскиот масив на Беласица, овој водопад се наоѓа на западната страна на Беласица.[1]

Од градот Валандово е оддалечен 16,5 километри и се наоѓа на надморска височина од 580 метри.[1]

Особеност[уреди | уреди извор]

Ѓаволскиот Водопад како и останатите има тектонско потекло, а е изграден на Калдрма Дере (Калдрма Река) или попознато како една од притоките кои ја формираат Башибоска Река. Вкупниот вертикален отсек на водопадот изнесува 19 метри,[1] додека на самата карпа е запишана бројката од 16,8 метри.

Самиот водопад има изградено џиновски лонец со димензии 2,7 метри ширина и 6,5 метри должина, додека вкупната длабочина измерена при теренските истражувања изнесува 2,5 метри. Во текот на летниот период протокот на Калдрма Дере е минимален додека во текот на пролетниот период протокот се зголемува за неколкупати. Поради големиот проток којшто го има реката во текот на овој период како и поради силната бучава која што се создава при падот на водата, така го добил и името Ѓаволски Водопад.[1]

Туризам[уреди | уреди извор]

Од неодамна непосредната околина на Ѓаволскиот Водопад е уредена со пристапна патека, скали, ограда, клупи и неколку летниковци за помасовни туристички посети, а изграден е и асфалтен пат до селото Бајрамбос.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Џилвиџиев, Глигорије (7 јануари 2014). „Ѓаволски Водопад“. ИГЕО Портал. Посетено на 26 февруари 2020.
  2. Trajkov, Vane (2019-02-12). „Фото – Кочулските водопади кај Валандово станаа достапни како нова туристичка атракција“. Дрнка (англиски). Посетено на 2024-01-19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]