Мало Пелистерско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Малоо Пелистерско Езеро
Површина 7.440 м2
Должина 144 м
Ширина 73 м
Обем 311 м
Длабочина 3.35 м
Надморска висина 2.190 м
Планина Баба (Пелистер)

Мало Езеро (Мало Пелистерско Езеро) — постглацијално ледничко езеро кое се наоѓа на планината Баба во рамките на Националниот парк Пелистер. Езерото се наоѓа во изворишниот дел на Црвен Река која е лева притока на реката Сапунчица на североисточната падина на планината Баба[1]. Сместено е во вдлабнатина - цирк на надморска височина од 2.190 метри веднаш североисточно под самиот Партизански Врв висок 2.349 метри надморска височина. Настанокот на езерото датира во времето на после ледничкиот (пост-ледничкиот) период пред околу 10 до 12.000 години[2]. Малото Пелистерско Езеро зафаќа поввршина од 7.440 м2, а неговата најголема должина измерена во правец југ - југозапад - исток - североисток изнесува 144 метри, додека најголемата широчина измерена во правец запад - исток изнесува 73 метри[3]. Најголемата длабочина на езерото при висок водостој изнесува 3,35 метри, а при апсолутно најнизок водостој изнесува 2,35 метри, односно просечаната длабочина изнесува 2,85 метри[4]. До езерото се стигнува по добро обелжеана планинарска патека која ги поврзува највисокиот врв Пелистер (1 час) и планинарскиот дом кај Големото Езеро (1,5 часа). Во езерото постои редок и помалуброен жив свет како полноглавци и ракчиња, а неговата вода често ја пијат дивите планински животни како дивите коњи, мечки и елени, но и стадата овци. Поради малата длабочина неговите води брзо се загреваат, поради што езерото е многу често посетено од капачи и планинари за време на летото.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Василески, Драган. Пелистерски Езера. Напредок, Тетово. 2008. стр.50
  2. Василески, Драган. Пелистерски езера. Напредок, Тетово. 2008. стр.52
  3. Василески, Драган. Пелистерски езера. Напредок, Тетово. 2008. стр.54
  4. Василески, Драган. Пелистерски езера. Напредок, Тетово. 2008. стр.55

Поврзано[уреди | уреди извор]