Црешневска Река

Координати: 41°39′12″N 21°15′02″E / 41.65333° СГШ; 21.25056° ИГД / 41.65333; 21.25056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црешневска Река
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоДаутица, кај с. Црешнево
 • координати41°39′12″N 21°15′02″E / 41.65333° СГШ; 21.25056° ИГД / 41.65333; 21.25056
 • надм. вис.930 км
Устие 
 • место
Треска, кај с. Калуѓерица
 • координати
41°39′12″N 21°15′02″E / 41.65333° СГШ; 21.25056° ИГД / 41.65333; 21.25056
 • надм. вис.
465 м
Должина6,8 км
Големина на сливот21,49 км2
Особености на сливот

Црешневска Река — кратка река во Долно Порече, западна Македонија, помала десна притока на реката Треска. Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 6,8 км, минималната должина 6,1 км.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Вкупната должина на водоразделната линија на Црешневска Река изнесува 31,0 км а сливот и зафаќа 21,49 км2 или 1,04% од вкупната површина на сливот на реката Треска. Коефициентот на развиеност ѝ е 1,11; а вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 465 м а просечниот е 68,4.[1]

Течение[уреди | уреди извор]

Извира во месноста Мелој, на северозападниуте падини на Даутица, на надморска височина од 930 м. Како што се спушта во северен правец, овој водотек, наречен Грешни Дол, се среќава со потоците Митров Дол и Рудни Дол, па завртува на северозапад, одминувајќи го с. Црешнево, по кое е наречена. Делот кој следува има два правоаголни свиока, каде водотекот се нарекува Бушничка Река и под нормален агол прави спој со потокот Извор од десната страна, па продолжува во западен правец како Црешневска Река. Следните два километра ги поминува под возвишениот предел Добра Нивица.

Се влева во Треска источно од селото Калуѓерец, во проширувањето на долината под падината Девојчин Камен на исток. Утоката е на надморска висина од 465 м, и тоа на 59,7 км спротиводно од вливот На Треска во Вардар.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Димитровска, Олгица (2013). „Основни хидрографски одлики на притоките на реката Треска“ (PDF). Географски разгледи. Скопје: Македонско географско друштво. 2012 (46): 37–49. ISSN 1409-908X.

41°39′12″N 21°15′02″E / 41.65333° СГШ; 21.25056° ИГД / 41.65333; 21.25056