Серовица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Серовица
Местоположба
Физички особености
УстиеСтрума
Особености на сливот

Серовица, Баничка или Фратска Река (грчки: Άγιοι Ανάργυροι, Агии Анаргири) — река во североисточна Егејска Македонија, денес во Грција. Минува низ градот Сер, по кого е наречена.

Реката извира од планината Шарлија (Врондос) и тече на југ. Минува крај с. Фраштани (Орини) и напуштеното село Баница (Кариес). Потоа тече низ градот Сер, поминува кај Тумбишта (Неос Скопос), и заедно со Бродска Река се влева во Струма. Другите имиња на реката произлегуваат од селата Баница и Фраштани.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Йордан Иванов. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр.193.