Производ (математика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илустрација на правилото за знаци при множење.
Основно сметање
Собирање (+)
собирок + собирок = збир
Одземање (−)
намаленикнамалител = разлика
Делење (:)
деленик : делител = количник
Множење (⋅)
множителмноженик = производ
Степенување (^)
основастепен = степен
Коренување (√)
показ поткор. гол. = корен
Логаритам
logосн(степен) = показател

Во математиката, производ е резултат од операцијата множење.[1] Редоследот на множење на реалните и комплексните броеви не влијае врз производот. Ова својство се нарекува комутативност. Кога множиме матрици и членови на разни други асоцијативни алгебри, производот обично зависи од редоследот на множениците, т.е. местата не им се заменливи и затоа за нив не важи комутативниот закон.

Производниот оператор при множењето на низа се означува со големата грчка буква пи (аналогно на големата сигма како симбол за збир).

Знакот пред производот (плус или минус) зависи од знакот на множителот и множеникот. Кога двата броја имаат ист знак (+ или -), производот секогаш е позитивен, но кога имаат различни знаци, производот секогаш е негативен.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Андреевски, Венцислав П. (2007). „3.2.3. Множење“. Прирачник за математички поими и формули. Скопје: Винсент графика. стр. 56. ISBN 978-9989-2474-4-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]