Офицерски дом (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Офицерски дом
Офицерскиот дом во раните 1930-ти
Карта
Општи податоци
Статусдржавен
Стилнеокласика
МестоПлоштад Македонија
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Темелот удрен1925; 2013
Почната1925; 2013
Завршена1929
Проектирање и изградба
АрхитектВасилиј Баумгартен; Зоран Јордановски
Архит. бироБетон
Земјотресот во Скопје од 1963 година: Зградата на Домот на југословенската народна армија (Офицерски дом) во Скопје, по земјотресот

Офицерскиот дом — објект во Скопје. Домот се наоѓал на десниот брег на Вардар, веднаш до Камениот мост. Архитект бил Василиј Баумгартен, познат и стилски изграден руски архитект кој во тоа време бил емигрант и престојувал на овие простори. Претставува објект со нагласен академски пристап во третманот на композицијата, организацијата и декорацијата. Проектиран бил во 1925, и истата година започнал да се гради. Отворен бил во 1929. Во земјотресот во 1963 бил оштетен, а срушен е една година подоцна, по одлука на тогашната влада. Бидејќи постоела можноста објектот да биде успешно реставриран, тој денес би бил еден од најголемите пост-земјотресни симболи на градот Скопје, а со тоа би се зачувал физичкиот спомен и архитектонскиот континуитет на градот, заедно со неколку маалски целини.

Опис[уреди | уреди извор]

Овој објект (1929-63) претставува академски пример на своето време. Почитувањето на основните поставки на академизмот кај овој објект се согледуваат во однос на поставеноста на локацијата, при што условите наметнати од неговата местоположба на кејот на реката Вардар придонело и за основната организација по една оска, отворајќи простор за развивање на страничните фасади кон реката и кејот. Цврстата концепција на блокот што го затвора објектот, како една академска одлика, се надградува во хоризонтални појаси градејќи урамнотежена композиција со прецизен избор на елементи и стилски форми. Симетрично конципираната предна фасада ја усложнува странична фасада со високи столбови ориентирана кон кејот. Фасадната обработка до првиот хоризонтален разделен венец е спроведена со нагласена рустика, што визуелно го поставува објектот на цврста база, во која напуштањето на концептот на нагласена профилација и богата орнаментација е направено во корист на подвлекување на чувството за носив базис на кој почиваат богато расчленетите етажи. Ефектот на богата и пластично обработена фасада го создаваат столбовите прилепени до фасадното платно, кои се протегаат во две висини на објектот како реплика од страничната фасада. во полињата кои ги затвораат лаковите под разделниот венец, се изведени кружни медаљони во касноренесансен манир. Фасадата е збогатена со додавање на бифорни и трифорни прозорци во полукружни ниши, кои потсетуваат на касно византиските традиции (помоден манир). Заради своите архитектонско-стилски одлики, овој објект спаѓа во групата на успешни примери на југословенскиот меѓувоен историзам. Тој е редок грандиозен објект од ваков карактер, на територијата на тогашната Вардарска Македонија.

Реставрација[уреди | уреди извор]

Реставрацијата на објектот започнала во 2013, како дел од проектот Скопје 2014, а според досега изграденото, истата ќе биде малку поголема од оргиналот.Овој проект бил нарачан од страна на Министерството на војската и морнарицата, заради концентрацијата на општествениот живот на воената елита на Скопје и околината.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • “АРХИТЕКТОНСКИТЕ СТИЛОВИ (во македонската архитектура од крајот на XIX век и периодот меѓу двете светски војни)”. Кокан Грчев. Скопје.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]