Роскилдски мировен договор
Роскилдскиот мировен договор[1] е склучен на 8 март 1658[2][3] во текот на Втората Северна војна помеѓу данско-норвешкиот крал Фредерик III и шведскиот крал Карл X Густав во градот Роскилде, Данска. По катастрофалниот пораз, Данска-Норвешка била приморана да се откаже од речиси половина од своите територии. Со ова Шведска ги добила покраините Блекинге, Борнхолм, Бохуслен, Сканија и Тренделаг и Халанд.[3]
Содржина |
Одредби на договорот [уреди]
Во договорот се поставени следниве услови:[4][5][6]
- данската покраина Сканија веднаш да ѝ се отстапи на Шведска.
- данската покраина Блекинге веднаш да ѝ се отстапи на Шведска.
- данската покраина Халанд веднаш да ѝ се отстапи на Шведска. Халанд во тој момент бил под шведска окупација, која требала да трае 30 години согласно Договорот од Бремсебру од 1645.
- данската покраина Борнхолм веднаш да ѝ се отстапи на Шведска.
- норвешката покраина Бохуслен веднаш да ѝ се отстапи на Шведска. Со ова Шведска обезбедила непречена трговија на запад.
- норвешкката покраина Тренделаг веднаш да ѝ се отстапи на Шведска (тогаш во нејзин состав биле Нурдмере и Румсдал).
- Данска да се откаже од сите протившведски сојузништва.
- Данска да го спречи минувањето на непријателски (кон Шведска) воени бродови и нивно навлегување во Балтикот преку протоците.
- Враќање на поседите на Војводата од Холштајн-Готорп.[7]
- Данска да ги подмири трошоците за шведската окупација.
- Данска да учествува со војници во другите воени ангажмани на Карл X Густав.[8]
Последици [уреди]
По склучувањето на договорот, Шведска го прекршила договорот продолжувајќи со походи во преостанатите делови на Данска-Норвешка, но морала да се повлече од данските острови и Тренделаг поради сојузот што Данско-Норвешка го слкучила со Холандија. Со Копенхагенскиот мировен договор во 1660, Данска и Норвешка ги повратиле Борнхолм и Тренделаг, но останатите покраини останале во состав на Шведска.
Поврзано [уреди]
- Северни војни
- Историја на Шведска
- Историја на Данска
- Историја на Норвешка
- Список на мировни договори
Наводи [уреди]
- ↑ дански изг. [ˈʁʌskilə]
- ↑ 26 февруари по стар стил
- ↑ 3,0 3,1 Frost, Robert I (2000). „The Northern Wars. War, State and Society in Northeastern Europe 1558-1721“. Longman. стр. 180. ISBN 978-0-582-06429-4.
- ↑ Stiles, Andrina (1992). „Sweden and the Baltic, 1523 - 1721“. Hodder & Stoughton. ISBN 0-340-54644-1.
- ↑ Scott, Franklin D. (1988). „Sweden; the Nation's History“. Southern Illinois Press.
- ↑ Gjerset, Knut (1915). „History of the Norwegian People, Volume II“. The MacMillan Company.
- ↑ Lisk, Jill (1967). „The Struggle for Supremacy in the Baltic: 1600-1725“. Funk & Wagnalls, New York.
- ↑ Frost, Robert I. (2000). „The Northern Wars; 1558-1721“. Longman, Harlow, England. ISBN 0-582-06429-5.
Надворешни врски [уреди]
- Freden i Roskilde - договорот на Викиизвор на дански јазик
- Отсликан примерок на договорот - Институт за европска историја - Мајнц