Франсоа Англер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франсоа Англер
François Englert
Франсоа Англер во 2007 г.
Роден(а)6 ноември 1932(1932-11-06)(91 г.)
Етербек, Брисел, Белгија[1]
НационалностБелгиец
Полињатеориска физика
УстановиСлободен универзитет во Брисел
Телавивски универзитет[2][3]
ОбразованиеСлободен универзитет во Брисел
Познат поХигсов механизам
Поважни наградиФранкиева награда (1982)
Волфова награда за физика (2004)
Сакурајова награда (2010)
Нобелова награда за физика (2013)
Нобеловецот Франсоа Англер за време на новинарската конференција, декември 2013 година.

Франсоа Англер (француски: François Englert; 6 ноември 1932) — белгиски теориски физичар и добитник на Нобелова награда за физика во 2013 година заедно со Питер Хигс. Тој е професор во пензија на Слободниот универзитет во Брисел (ULB) каде е член на службата за теориска физика. Тој е исто така професор со специјален статус на училиштето за физика и астрономија при Телавивскиот универзитет и е член на Институтот за квантни студии при Чапмановиот универзитет во Калифорнија. Тој бил награден со Сакурајова награда во 2010 година (заедно со Џералд Гуралник, Карл Хаген, Том Кибл, Питер Хигс и Роберт Браут), Волфова награда за физика во 2004 година (со Браут и Хигс) и Високоенергетска и честична награда од Европското друштво на физичарите (со Браут и Хигс) во 1997 за механизмот кој ги обединува краткотрајните и долготрајните заемодејства со создавање на масивни баждарни векторски бозони. Тој исто така има и научни придонеси и во статистичката физика, квантната теорија за полето, космологијата, теоријата на струните и супергравитацијата. Тој е исто така добитник и на Наградата на Принцот од Астурија вза техничко и научно истражување заедно со Питер Хигс и CERN.

Англер бил награден со Нобелова награда за физика во 2013 година заедно со Питер Хигс за откривањето на Хигсовиот механизам.[4]

Младост[уреди | уреди извор]

Англер го има преживеано холокаустот.[5] Роден е во белгиско еврејско семејство. За време на германската окупација на Белгија во Втората светска војна, морал да го крие своето еврејско потекло и да живее по сиропиталишта и домови за деца во градовите Динан, Профондил, Стумон и на крај во Ане. Овие градови подоцна ќе бидат ослободени од американската армија.

Академска кариера[уреди | уреди извор]

Тој дипломирал како електромеханички инженер во 1955 година на Слободниот универзитет во Брисел (ULB) каде што го стекнал и својот докторат за физички науки во 1959 година. Од 1959 до 1961 година, тој работел на универзитетот „Корнел“, првично како истражен помошник на Роберт Браут а подоцна и како помошник професор. Подоцна се вратил ан Слободниот универзитет во Брисел кде станува универзитетски професор каде му се придружува и Роберт Браут, во 1980 година, и заедно со Англер ја раководеле катедрата за теориска физика. Во 1998 Англер станува професор во пензија. Во 1984 професорот Англер е назначен со специјална одлука за професор на School of Physics and Astronomy Телавивскиот универзитет. Англер се вработува на Институт за квантни студии при Чапмановиот универзитет во 2011 година, каде работи како почитуван вонреден професор.

Браут–Англер–Хигс–Гуралник–Хаген–Киблов механизам[6][уреди | уреди извор]

Браут и Англер покажале во 1964 година[7] дека баждарните векторски полиња, абелови и неабелови, можат да се здобијат со маса во празен простор доколку се стекнат одредена структура која се среќава кај материјалните системи. Фокусирајќи се на неуспехот на Голдстоновата теорема за баждарните полиња,[8] Хигс стигнал до истиот резултат.[9] Трет труд за темата подоцна бил напишан од страна на Џералд Гуралник, Карл Хаген и Том Кибл.[10] Трите трудови напишани за овоа откритие на овој бозон од страна на Хигс, Англер и Роберт Браут и Џералд Гуралник, КАрл Хаген и Том Кибл биле признати како значајни трудови за ова откритие од страна на Physical Review Letters за време на прославата на својата 50 годишнина.[11] Додека пак секој од овие трудови има слични приоди, придонесите и разликите меѓу трудовите за нарушувањето на симетријата се забележителни.

За да се прикаже структурата, треба да се замисли феромагнет кој се состои од атоми кои сами по себе се мали магнети. Кога овие магнети се подредени, внатрешноста на феромагнетот има сличен изглед со структурата на празниот простор. Баждарните векторски полиња кои се чувствителни на оваа структура на празен простор можат да се движат само на конечни растојанија. Па така тие минуваат куси заемодејствувачки растојанија при што добиваат маса. Оние полиња кои не се чувствителни на структурата се движат слободно. Тие остануваат безмасени и се одговорни за заемодејствата на големи растојанија. На овој начин, механизмот обезбедува одговор за заемодејствувањето на куси и долги растојанија.

Роберт Браут, Англер, Хигс, Џералд Гуралник, Карл Хаген и Том Кибл вовеле дејство во вакуумската структура, скаларно поле (четопати нарекувано Хигсово поле) кое многу физичари го гледаат како дејството одговорно за масата на фундаменталните честички. Браут и Англер исто така покажале дека механизмот останува да важи и доколку скаларното поле се замени со многу поструктурно дејство како што е фермионскиот кондензат. Нивниот пристап ги довел до заклучок дека теоријата е ренормализирачка.[12] Очигледниот доказ за ренормализацијата, големо достигнување на физичарите од XX век, се должи на Герард 'т Хофт и Мартинус Велтман кои се наградени со Нобелова награда за физика во 1999 година. Браут–Англер–Хигс–Гуралник–Хаген–Кибловиот механизам е камен-темелникот на електрослабата теорија на елементарните честички и го поставила патот за обединување на основните закони на природата.

Позначајни награди[уреди | уреди извор]

  • 1978 Прва анграда на меѓународниот гравитациски натпревар (Со Браут и Гунциг), доделена од Фондацијата за гравитациско истражување за есејот „Вообичаениот универзум“.[13]
  • 1982 Франкиева награда, доделена од Франкиевата фондација еднаш на секои четири година за егзактни науки „За неговите придонеси во теориското разбирање на спонтаното нарушување на симетријата во физиката на основните заемодејства, каде, со Роберт Браут, бил првиот кој покажал сека спонтаното нарушување на симетријата во баждарните теории им ја обезбедува масата на баждарните честички, како и за обемните придонеси во останатите полиња, како што е физиката на цврстите тела, статистичката механика, квантната теорија за полето, општата релативност и космологијата, за оригиналноста и темелната важност на неговите достигнувања".
  • 1997 Високоенергетска и честична награда за физиката (со Браут и Хигс), доделена од Европското друштво на физичарите „За формулирањето на првата само одржувачка теорија за наелектризираните масивни векторски бозони кои станале темел на електрослабата теорија на елементарните честички“.
  • 2004 Волфова награда за физика (со Браут и Хигс), доделена од Волфовата фондација „За пионерски достигнувања кои довеле до осознавање на создавањето на масата, кога месна баждарна симетрија се создава несиметрично во светот на субатомските честички“.
  • 2010 Сакурајова награда (соЏералд Гуралник, Карл Хаген, Том Кибл, Хигс и Роберт Браут) доделена од Американското друштво на физичарите „За разоткривањето на својствата на спонтаното нарушување на симетријата во четиридимензионалната релативистичка баждарна теорија и за механизмот за постојано создавање на векторски бозонски маси“.[14]
  • Со кралски декрет на 8 јули 2013 година Франсоа Англер бил прогласен за барон од стана на кралот на Белгија Алберт II.
  • 2013 Нобелова награда за физика. На 8 октомври 2013 година, било објавено дека Питер Хигс и Франсоа Англер ќе ја поделат Нобеловата награда за физика во 2013 година „За теориското откривање на механизмот кој придонесува за нашето разбирање на потеклото на масата на субатомските честички, и кое неодамна било потврдено со откривањето на предвидената основна честичка, од страна на ATLAS и CMS при Големиот хадронски судирач во Церн“.[15]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „CV“. Francquifoundation.be. 1982-04-17. Архивирано од изворникот на 2014-12-22. Посетено на 2013-10-08.
  2. Tel Aviv U. affiliated prof. who is a Holocaust survivor wins Nobel for physics, The Jerusalem Post, Danielle Ziri, 10/08/2013
  3. Tel Aviv University professor shares Nobel for physics, Haaretz, 8 October 2013
  4. Royal Swedish Academy of Sciences (8 октомври 2013). "The Nobel Prize in Physics 2013". Соопштение за печат.  посет. 8 октомври 2013 г
  5. USC Shoah Foundation Institute testimony of Francois Englert - USHMM Collections Search
  6. „Higgs–Brout–Englert–Guralnik–Hagen–Kibble Mechanism on Scholarpedia“. Scholarpedia.org. Посетено на 2013-10-08.
  7. F. Englert and R. Brout Phys.Rev.Lett. 13 321 (1964).
  8. P. W. Higgs Physics Letters 12 132 (1964).
  9. P. W. Higgs Phys.Rev.Lett. 13 508 (1964).
  10. Guralnik, G.; Hagen, C.; Kibble, T. (1964). „Global Conservation Laws and Massless Particles“. Physical Review Letters. 13 (20): 585. Bibcode:1964PhRvL..13..585G. doi:10.1103/PhysRevLett.13.585.
  11. „Physical Review Letters - 50th Anniversary Milestone Papers“. Prl.aps.org. Посетено на 2013-10-08.
  12. Fundamental Problems in Elementary Particle Physics, Proceedings of the 14th Solvay Conference, University of Brussels, 2–7 October 1967 (John Wiley, New York, 1968) page 18.
  13. „Gravity Research Foundation Awards“. Gravityresearchfoundation.org. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2013-10-08.
  14. „American Physical Society - J. J. Sakurai Prize Winners“. Aps.org. Посетено на 2013-10-08.
  15. „Press release from Royal Swedish Academy of Sciences“ (PDF). 8 October 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-06-08. Посетено на 8 October 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]