Хумболтов универзитет

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хумболтов универзитет во Берлин (гер. Humboldt-Universität zu Berlin) — најстариот универзитет во Берлин, оснаван во 1810 година како Берлински Универзитет (Universität zu Berlin) од страна на либералниот пруски образовен реформатор и јазичар Вилхелм фон Хумболт, чии универзитетски модел има силно влијание врз другите европски и западни универзитети. Во 1828 година беше познат под името Фридрих Вилхел Универзитет (Friedrich-Wilhelms-Universität), подоцна (неофицијално) беше именуван според неговата локација ( Универзитетот под липите)Universität unter den Linden. Во 1949 година, универзитетот го преименува своето име во Humboldt-Universität во чест на двајцата основачи Вилхелм и неговиот брат, природонаучникот Александар фон Хумболт.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Споменик посветен на Вилхелм фон Хумболт пред главната зграда. Уметник: Паул Ото
Скулптура посветена на Александар фон Хумболт надвор од универзитетот. Може да се забележи текст изгравиран на шпански јазик во кој го пишува Александар фон Хумболт како „вториот откривач на Куба“.

Првиот семестар на новоформираниот Берлински универзитет во 1810 година започна со 256 студенти и 52 предавачи во областа на правото, медицината, теологијата и филозофијата под раководство на ректорот Теодор Шмалц. Универзитетот беше дом на најголемите германски мислители на минатите два века, меѓу кои се најдоа и субјективниот идеалист филозоф Јохан Готлиб Фихте, теологот Фридрих Шлајермахер, апсолутниот идеалист филозоф Г.В.Ф. Хегел, правниот теоретичар Савињи, филозофот Артур Шопенхауер, идеалистот филозоф Фридрих Шелинг, културниот критичарот Валтер Бенјамин, и познатите физичари Алберт Ајнштајн и Макс Планк. Основачите на марксистичката теорија Карл Маркс и Фридрих Енгелс присуствуваа на Универзитетот, како и поетот Хајнрих Хајне, основачот на структурализмот Фердинанд де Сосир, германскиот обединувач Ото фон Бизмарк, основачот на комунистичката партија на Германија Карл Либкнехт, Афроамериканецот В.Е.Б. Ду Боис и Европскиот обединувач Роберт Шуман, како и влијателниот хирург Јохан Фридрих Дифенбах во почетокот на половина на 1800-тите. Универзитетот е дом на 29 добитници на Нобелова награда.

Структурата на германскиот истражувачки универзитет како што е Хумболт, служи како модел за институциите како што е Џон Хопкинс Универзитетот. Подоцна беше утврдено дека Хумболдскиот универзитет со неговиот основен принцип на здужување на наставата и истражување во работата на поединечните научници постана модел за останатите универзитети во Европа.

Проширување[уреди | уреди извор]

Берлинскиот Универзитет во 1850 година

Во прилог на силно зацврстување на традиционалните предмети, како што се науката, правото, филозофијата, историјата, теологијатата и медицинатата, Берлинскиот Универзитетот се разви до тој степен да може да опфати многу нови научни дисциплини. Александар фон Хумболт, братот на основачот Вилхелм, го промовираше новото учење. Со изградбата на модерните истражувачки институции во втората половина на 19 век започна учењето на природните науки. Познатите истражувачи, како што се хемичарот Август Вилхелм Хофман, физичарот Херман фон Хелмхолц, математичарите Ернст Едуард Кумер, Леополд Кронекер, Карл Вајерштрас, лекарите Јоханес Питер Милер, Албрехт фон Грефе, Рудолф Вирхоу и Роберт Кох, придонесоа за славата на Берлинскиот Универзитетот.

За време на периодот на проширување, Берлинскиот Универзитет постепено се прошири, а во тоа се вклучија и другите претходно одделни факултети во Берлин. Пример за тоа се Charité, Pépinière и колегиумот на хирурзи. Во 1717 година, кралот Фридрих Први изгради карантин куќа за чумата која владееше во градот, која во 1727 година од страна на кралот Фридрих Вилхелм беше преименувана во "Es soll das Haus die Charité" (Ова е куќа на милосрдието). Во 1829 година Берлинскиот Универзитет постана медицински кампус и така остана сè до 1927 година кога беа изградени се повеќе модерни болници.

Берлинскиот Универзитет во 1810 година започна со природно – историоската колекција, која до 1889 година имаше потреба од посебни згради и постана Museum für Naturkunde (Природонаучен Музеј). На веќе постоечкото ветеринарно училиште, кое е основано во 1790 година и прифатено од страна на универзитетот, во 1934 година беше основа на ветеринарниот медицински факултет (Grundstock der Veterinärmedizinischen Fakultät). Исто така Landwirtschaftliche Hochschule Berlin ( земјоделскиот факултет во Берлин ) основан во 1881 година беше поврзан со земјоделскиот факултет на универзитетот.

Третиот Рајх[уреди | уреди извор]

Универзитетот во 1938 година

По 1933 година, како и сите други германски универзитети, така и овој беше погоден од нацистичкиот режим. Во тој период ректор на универзитетот беше Еуген Фишер. На 10 мај истата година од страна на спротивниците на режимот, од универзитетската библиотека беа земени и однесени и запалени 20.000 книги на Опернплац (Opernplatz), сега веќе Бебелплац (Bebelplatz). Споменик од ова денес може да се најде во центарот на плоштадот, и е направен од стаклен панел со отвор кон подземна бела соба, во која се наоѓаат празни полици на кои има место за 20,000 томови и плакети, и на него стои логото кое е напишано од страна на Хајнрих Хајне: "Das war ein Vorspiel nur, dort wo man Bücher verbrennt, verbrennt man am Ende auch Menschen" ( Тоа беше само предигра, онаму каде што се палат книгите, на крајот ќе горат и луѓето.)

Законот за враќање на професионалната државна служба ( Германски "Gesetzes zur Wiederherstellung des Berufsbeamtentums") резултираше со отпуштање на 250 еврејски професори и вработени во периодот од 1933/1934 година и огромен број на докторати беа повлечени. Студентите, учениците и политичките нацистички противници беа одбиени од универзитетот и депортирани. Во тоа време проближно една третина од сите вравботени, беа отпуштени од страна на нацистите.

Повторно отворање[уреди | уреди извор]

Бомбардирана и руинирана соба во Универзитетскиот Институт за Хемија (Chemisches Institut der Universität), 1950 година

Советската воена администрација во Германија (СВАГ) нареди универзитетот да се отвори во јануари 1946 година. Врз основа на советскиот модел, СВАГ сакаше да го редизајнира Берлинскиот Универзитет, и од политички причини тие инсистираа на фразата, “новоотворен” а не на “ повторно отворен ”. Претседателот на германската централна управа за народна просвета (DZVV) Паул Вандел во своето обраќање на 29 јануари 1946 година на свеченото отворање рече: “Зборував за отворање, не за повторно отворање на универзитетот”. Берлинскиот Универзитет мора повторно во секој поглед да започне ефикасно. Пред вас ја имате сликата на стариот универзитет. Тоа што останува од него не е ништо освен руини”. Наставата беше ограничена на само седум сектори кои работеа во повторно отворените, уништени згради од војната во кои многу од професорите загинаа или се водеа како исчезнати. Како и да е, со почетокот на зимскиот семестар во 1946 година економијата и образовно научниот факултет повторно се отворија.

Факултетот за работници и селани (Германски: Arbeiter-und-Bauern-Fakultät) (ABF), во тоа време беше основан на универзитетот и целеше кон образовна програма за млади мажи кои поради политички или расиситички причини беа обесправени од страна на нацистите. Оваа програма на Берлинскиот Универзитет постоеше сè до 1962 година.

Поделбата на Универзитетот[уреди | уреди извор]

Берлинскиот Универзитет, 1950 година

Источно-Западниот конфликт во пост воената Германија водеше со пораст на комунистичкото влијание на универзитетот. Тоа беше контраверзно и иницираше протести заедно со студентите и факултетот. Советската NKVD (НКВД) тајна полиција во март 1947 година како последица уапси голем број на студенти. Советскиот воен трибунал во Берлин – Лихтенберг им пресуди на студентите кои беа инволвирани во формирањето на “движење на отпорот на Берлинскиот Универзитет” како и шпионажа и беа осудени на 25 години принудна работа. Од 1945 до 1948 година, 18 студенти и професори беа уапсени или киднапирани, многумина беа гонети со недели, а некои од нив беа однесени во Советскиот Сојуз и беа погубени.

Во пролетта 1948 година, откако неколкумина студенти беа повлечени по приемот на нерегуларности, опозицијата побара слобода на универзитетот. Студентите, особено со поддршка од Американците, весникот Der Tagesspiegel и владејачкиот градоначалник Ернст Ројтер го основаа Слободниот Универзитет во Берлин во Дахлем (дел од американскиот сектор). Децениската поделба на градот на Источен и Западен Берлин конечно трајно ја зацементира поделбата на два независни универзитети.

Источна Германија[уреди | уреди извор]

Универзитетот Хумболт во 1964 година

Комунистичката партија во 1949 година го принуди Универзитетот да го промени своето име. До распадот на Источно Германскиот режим во 1989 година, Хумболт Универзитетот остана под строга идеолошка контрола на Sozialistische Einheitspartei Deutschlands (Партија за социјалистичко единство на Германија), или СЕД, кои со строго селектираниот избор на студентите во согласност со нивната сообразност на партиската линија, доведе до сигурност дека ниедна демократска опзиција нема да се формира во факултетски кампус. Своите комунистичко избрани студенти и научници не учествуваат во ниту едно значајно демократско движење на Источна Германија за човекови права од 1989 година, и го избраа контроверзниот СЕД член и поранешен шпион на Штази, Хајнрих Финк како ректор на Универзитетот во доцните ‘90-ти.

Кралската Библиотека, сега седиште на Правниот Факултет.
Музејот Хумболт, најголемиот природно научен музеј во Германија

Денес[уреди | уреди извор]

По обединувањето на Источна и Западна Германија, Универзитетот беше радикално реконструиран и сите професори мораа повторно да аплицираат за своите работни позиции.[2][3] Факултет во голема мера беше заменет со професори од Западна Германија, меѓу кои и историчарот Хајнрих Август Винклер. Денес, Хумболт Универзитетот е државен универзитет со голем број на студенти (37.145 регистрирани во 2003 година, меѓу кои повеќе од 4662 се студенти од странство), кој се води според моделот на западно германските универзитети, како и неговиот колега Слободниот Универзитет во Берлин.

Главната зграда се наоѓа во центарот на Берлин на булеварот Unter den Linden. Објектот е подигнат по налог од страна на кралот Фредерик II за неговиот помлад брат Принц Хенри од Прусија. Повеќето институции се наоѓаат во центарот, околу главната зграда, освен природно научните институции, кои се наоѓаат во Адлерсхоф (Adlershof) во јужниот дел на Берлин. Понатаму, универзитетот продолжува со својата традиција на продавање на книги на универзитетската порта која се случува на Бебелплац (Bebelplatz).

Библиотека[уреди | уреди извор]

Кога Кралската библиотека се покажа како недоволна, нова библиотека беше основана во 1831 година, најпрво сместена во неколку градови. Во 1871-1874 г. беше изградена библиотека, по дизајн на архитектот Паул Емануел Спикер. Во 1910 година збирката беше преместена во зградата на државната берлинска библиотека. Во 1930 година во времето на Вајмар, библиотеката содржеше 831.934 тома и со тоа беше една од водечките универзитетски библиотеки во Германија во тоа време. За време на нацистичките палења на книгите во 1933 година, ниеден том од Универзитетската библиотека не беше уништен. Исто така, загубата на книгите во Втората светска војна беше релативно мала. Во 2003 година, природно – научните книги беа префрлени во новоформираната библиотека на кампусот Адлерсхоф (Adlershof), кој е посветен исклучиво на природните науки. Откако просториите на Државната библиотека во 2005 година мораше да се испразнат, новата библиотека беше подигната во близина на главната зграда во центарот на Берлин.. Севкупно, Универзитетската библиотека содржи околу 6,5 милиони книги и 9000 списанија и весници и е една од најголемите универзитетски библиотеки во Германија. Како споредба, Елмер Холмс Бубст библиотеката во Њујоршкиот универзитет содржи околу 4,5 милиони книги.

Книгите на Institut für Sexualwissenschaft (Инстутот за сексуална наука) беа уништени за време на нацистичкото палење книги, а Институтот беше уништен. Според условите на Магнус Хиршфелд Фондацијата, владата продолжи со работа на институтот на универзитетот по смртта на својот основач. Сепак овие услови беа игнорирани. Во 2001 година, универзитетот сепак се стекна со архивата за сексологија од Роберт Кох Институтот која беше основана од приватната библиотека која беше донирана од страна на професорот Хеберле.

Значајни алумни, професори и предавачи[уреди | уреди извор]

Ото фон Бизмарк
Алберт Ајнштајн
Георг Хегел
Вернер Хајнсберг
Јешајаху Лејбовиц
Макс Планк
Јакоб и Вилхелм Грим

Постојат 40 добитници на Нобелова награда кои се поврзани со Хумболт Универзитетот и тоа:

Рангирања[уреди | уреди извор]

Во 2011 година QS World University Rankings ( Светското Универзитетско рангирање ) го стави Хумболт Универзитетот на 132-то место во светот, а на 6-тото место во Германија. Неговите предмети беа рангирани на следниов начин: на 27-то место се најдоа уметноста и општествените науки, на 186-тото место се најдоа инженерството и ИТ, на 65-тото место науката и биомедицината, на 49-тото место природните науки и на 59-тото место се најдоа општествените науки.

Организација[уреди | уреди извор]

Ова се 11 факултети на кој е поделен Универзитетот:

  • Правен факултет
  • Факултет за земјоделски науки и градинарство
  • Факултетот за математика и природни науки I (биологија, хемија, физика)
  • Факултетот за математика и природни науки II (географија, информатика, математика, психологија)
  • Charite - Берлин Универзитетот за медицина
  • Филозофски факултет I (филозофија, историја, Европска етнологија, оддел за библиотека и информатика)
  • Филозофскиот факултет II (литература, лингвистика, скандинавски студии, романска книжевност, англиски и американски студии, словенски студии, класична филологија)
  • Филозофскиот факултет III (општествени науки, културолошки студии / уметност, Азиски / Африкански студии (вклучува Археологија), родови студии)
  • Филозофскиот факултет IV (Спортски науки, дефектологија, образование, квалитетно менаџирање во образованието)
  • Богословски факултет
  • Економски факултет и бизнис администрација

Исто така, постојат две независни институции (Zentralinstitute), кои се дел од Универзитетот:

  • Центар за британски студии (на германски: Großbritannienzentrum)
  • Хумболт-иновации (истражувачки трансфер и спин-оф услуги)
  • Museum für Naturkunde (Природонаучен музеј)
  1. „Berlin's oldest university faces new challenges as it turns 200 - DW - 15.10.2010“. DW.COM.
  2. „Short History“. Humboldt-Universität zu Berlin. Посетено на 2 June 2020.
  3. Boesch, Frank (2018). A History Shared and Divided: East and West Germany since the 1970s. Berghahn Books. стр. 419. ISBN 9781785339264. Посетено на 2 June 2020.