Верденска битка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Верденската битка била една од најважните и најкрвави битки во Првата светска војна на западниот фронт. Започнала на 21 февруари, а завршила на 19 декември 1916 година. Битката била помеѓу Германската Империја и Франција. Раководители на Германија биле Ерих фон Фалкенхај и Принцот Вилхелм, а од Франција Филип Петен и Роберт Нивел. Во оваа битка животот го загубиле окулу 698.000 војници, од кои 362.000 биле француски и 336.000 германски војници.