Том Вејтс
| Том Вејтс | ||
|---|---|---|
| Основни податоци | ||
| Родено име | Томас Алан Вејтс | |
| Роден(а) | 7 декември 1949 |
|
| Жанр(ови) | Рок Блуз Џез Фолк |
|
| Занимање/ња | Кантавтор Композитор Музичар Актер |
|
| Инструмент(и) | оргули, гитара, пијано, хармониум, вокали | |
| Прод. куќа/ќи | Asylum Anti- Records Island Records |
|
| Веб-место | Официјална страница | |
Томас Алан Вејтс (роден на 7 декември 1949) е американски пејач-текстописец, композитор и актер. Вејтс поседува специфичен глас, еднаш опишан од страна на еден критичар "како да е наводенет во сад со бурбон, оставен да виси неколку месеци во пушална и потоа изнесен надвор и неколку пати прегазен со автомобил."[1] Преку неговиот препознатлив рев, преку инкорпорирањето на раниот рок со музички стилови од типот на блуз, џез и водвиљ, како и преку постојаната тенденција кон експериментирање и желба за кокетирање со индустриската музика,[2] Вејтс има изградено една потполно оригинална и дистинктивна музичка персона. Има работено како композитор и на филмска музика, а исто така и на музичката подлога на низа мјузикли. Во неколку филмови се појавува и како актер, а од улогите особено се издвојуваат оние во Кралот Рибар и Дракула на Брем Стокер. Номиниран е за оскар за работата на саундтракот.
Потполно лирични, Вејтсовите песни се склони кон прикажување на атмосферични портрети на бизарни, злокобни ликови и места, иако има афинитет и кон доста поконвенционални балади. Има култен статус и огромно влијание врз многу текстописци, макар што многу ретко се емитува на радио и уште поретко неговите песни се пропратени со спотови. Токму поради ова, голем дел од неговите песни, на пошироката јавност и се познати преку нивните кавер верзии направени од некои други музичари— на пример "Jersey Girl" која ја изведува Брус Спрингстин, "Downtown Train" која е хит на Род Стјуарт и "Ol' '55" свирена од Иглс. Во едно интервју од 2005 година, и Боб Зегер ќе рече дека Вејтсовата музика била инспирација за низа негови песни. Иако во САД албумите на Вејтс се среќаваат со различен и не секогаш забележителен успех, често постигнуваат златен тираж во многу европски земји. Номиниран е за многу важни награди; има и добиено Греми награди за два свои албуми.
Моментално живее во Калифорнија со својата жена - која често ја нарекува своја муза - и нивните три деца.
Белешки [уреди]
- ↑ Граф, Гери. „Musichound Rock: The Essential Album Guide“. Omnibus Press. ISBN 0-8256-7256-2.
- ↑ Петридис, Алексис. „Том Вејтс во живо на Хамерсмит Аполо, рецензија“. The Guardian newspaper. http://arts.guardian.co.uk/reviews/story/0,11712,1358433,00.html.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Том Вејтс“ |
- Официјална страница.
- Tom Waits Library (страница на обожаватели).
- Том Вејтс на Интернет Филмската база на податоци (англиски)