14 декември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | декември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | 31 | ||||
14 декември е 348-иот ден во годината според григоријанскиот календар (349-и во престапна година). Остануваат 17 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1782 | За прв пат полетал балонот на браќата Монголфје. |
| 1911 | Експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен стапи на Јужниот пол, дотогаш неосвоена точка на нашата планета. Еден месец подоцна тоа го направи и англискиот истражувач Роберт Скот. |
| 1955 | Австралија, Албанија, Бугарија, Јордан, Камбоџа, Либија, Унгарија и Цејлон беа примени за членки на Обединетите нации. |
| 1964 | Во Скопје, од едно импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола (по земјотресот на 26 јули 1963 година на Скопје му беа подарени стари репортажни коли од Велика Британија и од Италија), е емитуван првиот македонски ТВ весник на РТВ Скопје. Со тоа почна редовната програма на ТВ Скопје. |
| 1994 | Во Скопје е одбележана 50 годишнината на АФЖ. |
| 1995 | Потпишан е Дејтонскиот мировен договор, со кој е ставен крај на воениот конфликт во Босна и Херцеговина. Потписници на договорот се Алија Изетбеговиќ, претседател на претседателството на Босна и Херцеговина, Фрањо Туѓман, претседател на Република Хрватска и Слободан Милошевиќ, претседател на СР Југославија. |
Родени:
| 1503 | Нострадамус, француски јасновидец. |
| 1546 | Тихо Брахе, дански астроном. |
| 1564 | Вилем Класон Хеда, холандски сликар на мртва природа |
| 1870 | Карл Ренер, австриски претседател |
| 1895 | Џорџ VI, крал на Велика Британија. |
| 1897 | Курт Шушниг, австриски политичар. |
| 1901 | Павле, крал на Грција. |
| 1938 | Игнатие Богдановски, македонски политичар. |
| 1947 | Дилма Русеф, претседател на Бразил. |
| 1970 | Ана-Марија Јопек, полска џез и поп-пејачка. |
| 1979 | Мајкл Овен, англиски фудбалер. |
| 1979 | Софи Монк, австралиска пејачка и актерка. |
Починале:
| 872 | Адријан II, римски папа. |
| 1788 | Карлос III , крал на Шпанија. |
| 1799 | Џорџ Вашингтон, американски национален јунак и прв претседател на САД (1789 - 1797). |
| 1861 | Алберт Саксокобургготски, сопруг на британската кралица Викторија. |
| 1940 | Марија Георгиевна, принцеза на Грција. |
| 1974 | Волтер Липман, американски новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања. |
| 1983 | Иван Антонов, доајен на македонското радио и телевизиско спикерство. |
| 1989 | Андреј Сахаров, советски физичар, дисидент и Нобеловец. |
| 1997 | Џовани Ањели, „некрунисан крал“ на концернот FIAT, наследник на целокупното царство на FIAT. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |