30 декември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | декември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | 31 | ||||
30 декември е 364-иот ден во годината според григоријанскиот календар (365-и во престапна година). Останува 1 ден до крајот на годината.
Настани:
| 1911 | Во Кина е укината монархијата, а на чело на новосоздадената република застана Сун Јат Сен, дотогашен привремен претседател и водач на кинеската Народна партија - Куоминтанг. |
| 1943 | Бугарските сили и контрачетниците од Куманово, Младо Нагоричане, Страцин, Крива Паланка, Врање, Пирот и од други места, го почнаа дејствувањето на кумановско-врањското подрачје за да ги уништат македонските, јужноморавските и косовските единици. Но, тие вешто го одбегнуваа судирот. Незадоволни од исходот на десетдневната акција, непријателските сили го собраа селаните на возраст од 19 до 50 години и повеќемина од нив интернираа во Бугарија. |
| 1949 | Во Скопје е формиран Балетскиот ансамбл при Македонскиот народен театар. Формиран е под раководство на Ѓорѓи Македонски и неговата соработничка Анелиза Асман. |
| 1964 | Основана е Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој - УНКТАД. |
| 1996 | Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставија дипломатски односи. |
| 2006 | Над поранешниот претседател на Ирак, Садам Хусеин била извршена смртна казна за злодела против човештвото. |
Родени:
| 1865 | Радјард Киплинг, англиски писател. |
| 1905 | Данил Хармс, руски писател. |
Починале:
| 1909 | Ѕоле Стојчев, македонски револуционер, борец против османлиската власт. |
| 1937 | Спас Мартинов, македонски револуционер. |
| 1944 | Ромен Ролан, француски раскажувач, романсиер, драматург, музиколог и борец за мир и демократија. |
| 2006 | Садам Хусеин, Претседател на Ирак. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |