Владимир Путин

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Владимир Путин
Vladimir Putin 17 July 2000-1.jpg
Премиер на Русија, Претседател на Русија
Роден 7 октомври, 1952
Ленинград, Руска СФСР, СССР

Владимир Владимирович Путин (на руски: Влади́мир Влади́мирович Пу́тин) е руски политичар, премиер на Русија и поранешен претседател на Русија. Како привремен претседател на Русија станал на 31 декември 1999, при што го заменил Борис Елцин, а својата заклетва ја дал на 7 мај 2000 година по претседателските избори. Во 2004 година бил повторно реизбран, а неговиот мандат истекол во март 2008 година. Негов наследник е Димитриj Медведев.

[уреди] Биографија

Владимир Путин e роден во Ленинград (денешен Санкт Петербург). Тој завршил право на Ленинградскиот државен универзитет во текот на 1975 година., за потоа да се вработи во Комитетот за државна сигурност (КГБ). Од 1985 година работел за КГБ во поранешната Источна Германија. По враќањето во 1990 година во сопствениот град во Русија работел како служител во универзитет (1990-1991), советник за странски инвестиции за градоначалникот Анатолиј Собчак (1991-1994 ) и како помошен градоначалник (1994-1996). Официјално ја напуштил КГБ по реформите од 1991 година.

После 1996 година Путин се преселил во Москва и работел во администрацијата на Борис Елцин. Од 1997 година тој е заменик на администрацијата на Кремљ. Во 1998 година е назначен за директор на Федералната служба за сигурност на Русија, наследничката-организација на КГБ. Во текот на март 1999-та година станал и секретар на Советот за сигурност на Русија, а во август бил назначен за премиер. Од декември истата година бил назначен за претседател според уставот на Руската Федерација, по неочекуваната оставка на тогашниот претседател Борис Елцин. Во 2000 година по пат на демократски избори е избран за претседател на Русија, а во 2004 година за втори пат станува претседател по пат на слободни избори. Во 2008 е назначен за премиер на Русија од Димитриј Медведев, новиот претседател на Русија.


Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Данил МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I Coat of Arms of Moscow.png
Императори на Русија (1721–1917) Петар IЕкатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIЕкатерина IIПавел IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II Romanov Flag.svg
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов Flag of the Soviet Union.svg
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Димитриј Медведев Flag of Russia.svg