Никола Попоски
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Никола Попоски Министер |
|
|
|
|
| Во служба 28 јули 2011 – во служба |
|
| Претседател | Никола Груевски |
|---|---|
| Претходник | Антонио Милошоски |
| Наследник | нема |
|
|
|
| Роден(а) | 24 октомври 1977 СФРЈ денес Република Македонија |
| Националност | Македонец |
| Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
| Вероисповед | Православен христијанин |
Никола Попоски (роден на 24 октомври 1977) е македонски економист и моментален Министер за надворешни работи на Македонија. Завршил на Економскиот факултет на Скопскиот универзитет и бил стипендист на француската влада на Универзитет во Ница. Магистрирал европски економски студии на Колеџот на Европа во Бриж, Белгија.
Во периодот од 2003 до 2004 работел во државната управа на руренско пристаниште, а до 2004 бил и секретар во француската амбасада во Македонија.
Во 2010 година бил именуван за амбасадор на Македонија во Мисијата на ЕУ во Брисел.
Попоски зборува француски, англиски, италијански, холандиски и хрватски. Добитник е на „Награда за посебен придонес од доменот на ЕУ политиката за проширување“, доделена од Европската Комисија.
|
|||||||||
|
||||||||||||||||||||