Ваљон Сараќини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ваљон Сараќини

Министер

Во служба
28 јули 2011 – во служба
Претседател Никола Груевски
Претходник Фатмир Бесими
Наследник нема
Лични податоци
Роден(а) 24 јули 1981
Скопје, СФРЈ
денес Македонија
Националност македонски Албанец
Партија ДУИ
Вероисповед Ислам

Ваљон Сараќини (албански: Valon Saraqini; Скопје, 24 јули 1981) е македонски економист и моментален министер за економија на Македонија.

Политичка кариера[уреди]

Министер за економија[уреди]

Поборник за економска интеграција на регионот, со цел зголемени инвестиции, засилена економска соработка, заеднички настап на трети пазари и креирање на регионален туристички пакет кој би ги задоволил барањата на светскиот турист. На негова иницијатива се интензивираат активностите во делот на минерални суровини и се забрзува постапката за доделување на концесии за истражување и експлоатација. Поддршката за претприемништвото и малите и средните претптијатија се имплементира преку бројни активности и програмски мерки, а за првпат се поттикнува женското претприемништво и занаетчиството како посебни сегементи од претприемништвото. Комуникацијата со деловните субјекти и нивните здруженија е континуирана, преку средби, работни состаноци, посети на деловни капацитети и учества во јавни расправи.

Како претставник на Демократска унија за интеграција, која на 1 јуни 2008 година влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, министерот Сараќини спроведе низа активности и инвестициски проекти насочени кон местата каде живее претежно албанско население, посебно во Западна Македонија. Покрај постапката за изнаоѓање на стратешки инвеститор-концесионер на ТИРЗ Тетово, беа спроведени и низа инвестициски проекти од областа на енергетиката, особено во делот на концесии за мали хидроцентрали и активности за подобрување на енергетската ефикасност во училишта и градинки. Во делот на туризмот, пак, охридско-струшкото крајбрежје влезе на мапата на тур-операторите, посебно на земјите на Бенелукс, но и Турција, источните земји и Балканот, а се интензивираа и активностите за модернизација на зимскиот центар Попова Шапка.

Спроведени се низа мерки во насока на подобрување на бизнис климата, што имаше посебно влијание врз ублажување на последиците од глобалната економска криза, а како резултат на дел од спроведените активности Република Македонија според Доинг Бусинесс 2012 е рангирана на шесто место во светот и прво место во Европа по брзина на регистрација на друштво. Имено, регистрацијата на трговско друштво трае 4 часа и чини околу 30 евра, поради што слободно може да се каже дека РМ има најбрза, најефтина и најефикасна/ најлесна регистрација во Европа и една од најдобрите во светот.

Меѓународни активности[уреди]

Во насока на унапредување на регионалната соработка министерот Сараќини оствари посети и средби со министерот за економија на Република Албанија, Насип Начо, вицепремиерката и министер за трговија на Република Косово, Мимоза Кусари Лила и министерот за економија на Република Косово, Бесим Беќај, министерот за економија на Република Турција, Зафир Чаглајан, министерот за економија на Република Србија, Небојша Ќириќ, министерот за економија на Република Бугарија, Трајчо Трајков. Сараќини беше на чело на државната делегација на првиот состанок на Мешовитиот комитет по Договорот за економска соработка меѓу Македонија и Косово, како и на бизнис делегацијата од околу 50 деловни субјекти, на Косовско - македонскиот бизнис форум во Приштина, а како дел од владината делегација учествуваше на Инвестицискиот форум во Велика Британија, во рамки на Роуд шоуто што се одржа во Лондон, на Роуд шоу во Република Турција. Оствари средба со висока делегација на НР Кина, која дојде во официјална посета на Република Македонија, на која беа претставени и можностите за продлабочување и проширување на економската соработка, како и средба со мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим, како дел од Владиниот тим, за време на неговата посета на Република Македонија, а во рамки на претседавачката улога на Слим на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој во Охрид.

Меѓу другото, Сараќини учествуваше на Деветтиот состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница, кој се одржа во Република Молдавија, која во текот на 2011 година е претседавач на енергетската заедница, на Самитот на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), кој се одржа во рамките на српското претседавање со ЦЕИ, на 5. Седница на Мешовитиот Комитет на ЦЕФТА, со кој претседаваше Република Косово, на Министерската конференција на земјите на Југоисточна Европа, во организација на ОЕЦД, Владата на Словенија и Регионалниот совет за соработка, на тема „Визија за земјите од ЈИЕ 2020“, на Неформалниот совет за конкурентност на покана на данскиот министер за бизнис и развој Оле Сон, на Форумот за туризам во Украина и на првиот регионален самит кој во организација на Македонскиот електропреносен систем-оператор (МЕПСО) во Скопје.

Професионално искуство[уреди]

На министерската функција Ваљон Сараќини дојде од приватна високообразовна установа - Универзитетот Американ Колеџ – Скопје. Како директор за комуникации и маркетинг на овој унивезритет, Сараќини беше одговорен за подготвување на комплетна маркетинг стратегија, стратегија за односи со јавност и маркетинг кампањата на УАКС, иницирање и реализација на активности поврзани со Деловниот совет и Алумни клубот, во согласност со потребите на деловната заедница и на УАКС, како и комуникација со бизнис групи, владини агенции и НВО-а. Неговото тригодишно искуство како оперативен директор во Универзитетот Американ Колеџ – Скопје придонесе да ги развие способностите за менаџирање на активности, во случајов на Универзитетот и координација на одделните сектори, планирање и дефинирање на буџет и спроведување на плановите, воспоставување работните процеси и политики кои помагаат во извршување на активностите поврзани со Универзитетот, дефинирање, мерење, евалуација и подобрување на квалитетот на услугите, што секако ќе придонесе во успешното менаџирање на секторите во министерството. Почетоците на неговото професионално искуство датираат од 2002 година, како административен службеник во Норвешки совет за бегалци – Скопје, каде работи на планирање и реализирање на активностите во делокругот на функционирањето на оваа невладина организација и континуирана комуникација со јавноста.

Приватен живот[уреди]

Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Универзитетот Американ Колеџ - Скопје (2009), при што се стекнал со звање дипломиран економист по деловна администрација – маркетинг, со особен интерес за бизнис стратегија и политика, маркетинг менаџмент, организациско однесување, корпоративни финансии. На истиот факултет една година подоцна запишува постдипломски студии за лидерство, претприемништво, корпоративно управување, рекламирање и промоција, маркетинг истражување, корпоративни финансии – напредно ниво. Одлично ги владее албанскиот (мајчин јазик), македонскиот и англискиот јазик. Оженет е со Мимоза Пеза.

Наводи[уреди]