Неждет Мустафа (ромски: Neždet Mustafa; Скопје на 17 мај 1962) е македонски политичар, министер во владата од 2008 и 2011 година и лидер на Обединетата партија за еманципација (ОПЕ).
[уреди] Биографија
Мустафа е роден во Скопје на 17 мај 1962. Завршил философија на Филозофскиот факултет во Скопје.Од 1991 до 1994 година работи како уредник во ромската редакција во Македонската Радио Телевизија. Градоначалник е на општина Шуто Оризари во два мандата (1996 - 2000 и 2000 - 2002). Во Собранието на Македонија учествува во два пратенички мандата (2002 - 2006 и 2006 - 2008)[1]. Од 2008 година Мустава е министер без ресор во Владата на Македонија[2]. Мустафа во 1991 година е основач на Првата Ромска партија, ПЦЕР, која подоцна се обединува со ДППРМ и станува Обединета партија за еманципација. Од 2004 до денес е Генерален секретар на Ромскиот европски форум при Советот на Европа во Стразбур. Неждет Мустафа е оженет и е родител на три деца. Живее во Скопје.