Абдилаќим Адеми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Абдилаќим Адеми (албански: Abdilaqim Ademi; Шемшево, тетовско 20 декември 1969) е македонски политичар, член на ДУИ и потпретседател за спроведување на Рамковниот договор во Владата на Македонија од 2008 година[1].

Биографија[уреди]

Адеми е роден на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево.Во 1996 година дипломирал на политехничкиот факултет во Тирана, Албанија како инженер по металургија. Во Германија на Техничкиот Универзитет во Фрајбург стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали. Завршил и школа за млади политичари и обука за креирање политик. Од 2002 до 2006 е пратеник во Собранието на Македонија[2] каде бил член на комисијата за Економски прашања, за финансирање и буџет, за транспор, врски и екологија и комитетот за односи меѓу заедниците. Од 2006 до 2007 бил член на Бордот на Директори во АД ГА-МА во Скопје. Во периодот 2004-2006 бил асистент во Државниот Универзитет во Тетово каде предавал во предметот Анализа на градежни материјали. Член е на ДУИ од основањето во Централниот Одбор и претседател на Огранокот на ДУИ за општина Јегуновце. Женет е и татко е на еден син. Освен македонскиот и албанскиот, Адеми се служи и со италијанскиот јазик.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]