Васко Наумовски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Д-р Васко Наумовски (Скопје, 1980) е македонски политичар и поранешен потпретседател за евроинтеграции во седмата Влада на Македонија[1].

[уреди] Биографија

Наумовски е роден во 1980 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје, насока меѓународно право. Магистрирал на Рајнскиот Универзитет “Фридрих Вилхелмс“ во Бон, Германија, а магистрирал и на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје, на теми од областа на интеграцијата на Република Македонија во ЕУ. Во 2008 година докторирал на Правниот Факултет “Јустинијан Први“ во Скопје на тема од областа на влијанието на европските институции и проширувањето на Европската Унија со државите од Западниот Балкан. Од 2005 година работи на “Њујорк Универзитетот Скопје“, на Факултетот за меѓународни односи, политика и европски студии, кадешто во 2008 година бил избран во наставно – научното звање доцент по меѓународно право и право на ЕУ.

Автор е на повеќе научни трудови од областа на европските интеграции и меѓународното право. Учествувал на голем број меѓународни научни конференции, а реализирал и подолги студиски престои во Европа и САД. Во текот на додипломските и последипломските студии бил добитник на стипендии од германската фондација “Конрад Аденауер“, а бил добитник и на стипендија за студиски престој во САД од американскиот Стејт Департмент. Од 10 јули 2009 година е потпретседател за евроинтеграции во седмата Влада на Македонија[2]. Зборува англиски, а се служи со германскиот јазик.

[уреди] Наводи

  1. „Членови на Владата“ (на македонски). Влада на Република Македонија. http://vlada.mk/?q=node/40. проверено на 2009-11-12. 
  2. Донев, Венцо. „Васко Наумовски на местото на Боцевски“, Нова Македонија. Проверено на 2009-11-12. (на македонски)
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици