Владимир Пешевски
| Владимир Пешевски | |
![]() |
|
|
|
|
| Во служба 2009 – во служба[1] |
|
| Претседател | Никола Груевски |
|---|---|
| Претходник | ? |
| Наследник | нема |
|
|
|
| Роден(а) | (19 јуни 1970 Скопје, денес Република Македонија |
| Националност | Македонец |
| Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Владимир Пешевски (19 јуни 1970 во Скопје) е македонски политичар и моментален заменик претседател на Владата на Република Македонија.
Во 1993 година дипломирал на Електротехнички факултет во Скопје, на насока енергетика. По завршувањето се запишал и на магистарски степен на обука. Во 2001 година завршил магистратура по деловна администрација на Универзитетот од Шефилд, Англија – програма на City College во Солун.
Веднаш по неговото дипломирање, во 1993 година, започнал научно истражувачка кариера. Како асистент во Истражувачкиот центар за нови технологии во Македонска академија на науки и уметности работи на проекти од областа на енергетиката, со акцент на енергетски стратегии, дистрибутивни системи за електрична енергија, обновливи извори на енергија и заштита на човековата средина. Од 1996 година работи при проект на УСАИД како консултант за стратешки менаџмент и финансии давајќи консултантски услуги на преку 50 македонски компании. Во 1998 година станува генерален директор на СЕАФ Македонија и успешно раководил со овој меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции со фокус на приватни компании од Македонија. Во 2006 година ја презел функцијата Генерален директор и партнер на СЕАФ Фондот за Јужен Балкан.
Неговото богато професионално искуство го надополнуваат и членувањето во првиот избран состав на Бордот на директори на Американската стопанска комора во Македонија, членувањето во Националниот совет за конкурентност и претприемништво, како и својството предавач по предметот Стратешки менаџмент во периодот 2004-2006 год.на магистерските студии на Универзитетот од Шефилд (програма на City College во Солун).
Од јули 2009 година стапил на функција Вицепремиер задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија.
Говори англиски, руски и словенски јазици од балканскиот регион. Оженет, татко на три деца.
[уреди] Наводи
- ↑ „Влада на Република Македонија“ (на Македонски). http://www.vlada.mk/?q=node/3430. проверено на 20 декември 2010.
|
||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
