Антонио Милошоски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Антонио Милошоски
Антонио Милошоски

македонски политичар


Министер за надворешни работи на Република Македонија
Мандат
26 август 2006 – 28 јули 2011
Следбеник Никола Попоски
Претходник Илинка Митрева

Роден 29 јануари 1976
Тетово , Македонија
Партија ВМРО-ДПМНЕ

Антонио Милошоски (роден на 29 јануари 1976) е македонски политичар, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен Министер за надворешни работи на Република Македонија. Активно се служи со англиски и германски јазик.

Во 1994 година матурира во гимназијата „М. Милевски”, Кичево, а во 1999 дипломира на Правниот факултет во Скопје. Во периодот 2001 - 2002 година завршува магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Fridrich Wilhelm”, Бон, Германија. Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Gerhard Merkator” во Дујсбург, Германија, каде работеше како научен соработник до 2006 год, кога прво беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа и за Министер за надворешни работи на Република Македонија.

Во периодот 1999 – 2000 година е шеф на кабинетот на потпретседателот на Владата на Република Македонија, Доста Димовска. Во периодот од мај 2000 до септември 2001 година е портпарол на Владата на Република Македонија. Од 2004 до 2006 година е редовен колумнист во дневниот весник „Утрински весник”, а претходно, во периодот јануари - мај 2000 година, пишува колумни во весникот „Дневник”.

Бил потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, 1997-98, и член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ 1995-97 година. Од 2005 година е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Антонио Милошоски е еден од основачите на „Младинскиот евроатлантски форум” – МЕАФ. Член е на „Sudosteuropa Geselshaft”, германско академско здружение, кое се занимава политичко-економските случувања во југоисточна Европа.

Од 2006 година е Министер за надворешни работи на Република Македонија. По Парламентарните избори во 2011 година изјавил дека се повлекува од местото министер за надворешни работи[1].

Наводи[уреди]