Љупчо Мешков

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Љупчо Мешков беше министер за труд и социјална политика во владата на Никола Груевски од 2006 година. Мешков е роден во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје. Професионалната кариера ја остварил во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, каде е вработен од 1973 година и извршувал повеќе раководни и советнички функции, а во периодот 2000-2002 година е и генерален директор на Фондот. Пратеник од редовите на Либералната партија на Македонија бил во собраниските состави во 1994 - 1998, во 2002-2006 и последниот освоен на парламентарните избори во 2006 година.

Мешков е член на претседателството на спортското друштво Вардар (10/93-09/94). Зборува англиски. Оженет и татко на две деца.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици