Љубиша Георгиевски
| Љубиша Георгиевски | |
![]() |
|
|
|
|
| Во служба 1 август 2006 – 21 јуни 2008 |
|
| Претседател | Бранко Црвенковски |
|---|---|
| Претходник | Љупчо Јордановски |
| Наследник | Трајко Вељаноски |
|
|
|
| Роден(а) | 30 мај 1937 Битола, СФРЈ денес Македонија |
| Националност | Македонец |
| Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
| Професија | политичар, режисер |
| Вероисповед | Православен христијанин |
Љубиша Георгиевски (роден на 30 мај 1937 година во Битола) е театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Како политичар, бил претседателски кандидат (1994), амбасадор во Бугарија (2000-2004) и претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008).
[уреди] Кариера
Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974.
Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.
Досега има објавено десеттина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма. Како новинар има напишано преку двесте авторски колони во „Дневник”.
[уреди] Награди
Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сè уште се на репертоарот.
[уреди] Политичка кариера
На претседателските избори во 1994 година Георгиевски бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2000 до 2004 бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Бугарија.
Зборува англиски, француски, италијански, руски, бугарски и српски, а се служи и со словенечки, полски и романски.
|
|||||||||||
