Антонио Милошоски
| Антонио Милошоски | |
македонски политичар |
|
|
Министер за надворешни работи на Република Македонија
|
|
| Мандат 26 август 2006 – 28 јули 2011 |
|
| Следбеник | Никола Попоски |
|---|---|
| Претходник | Илинка Митрева |
|
|
|
| Роден | 29 јануари 1976 Тетово , Македонија |
| Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Антонио Милошоски (роден на 29 јануари 1976) е македонски политичар, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен Министер за надворешни работи на Република Македонија. Активно се служи со англиски и германски јазик.
Во 1994 година матурира во гимназијата „М. Милевски”, Кичево, а во 1999 дипломира на Правниот факултет во Скопје. Во периодот 2001 - 2002 година завршува магистерски студии по евроинтеграции на Универзитетот „Fridrich Wilhelm”, Бон, Германија. Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Gerhard Merkator” во Дуизбург, Германија, каде работеше како научен соработник до 2006 год, кога прво беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа и за Министер за надворешни работи на Република Македонија.
Во периодот 1999 – 2000 година е шеф на кабинетот на потпретседателот на Владата на Република Македонија, Доста Димовска. Во периодот од мај 2000 до септември 2001 година е портпарол на Владата на Република Македонија. Од 2004 до 2006 година е редовен колумнист во дневниот весник „Утрински весник”, а претходно, во периодот јануари - мај 2000 година, пишува колумни во весникот „Дневник”.
Бил потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, 1997-98, и член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ 1995-97 година. Од 2005 година е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Антонио Милошоски е еден од основачите на „Младинскиот евроатлантски форум” – МЕАФ. Член е на „Sudosteuropa Geselshaft”, германско академско здружение, кое се занимава политичко-економските случувања во југоисточна Европа.
Од 2006 година е Министер за надворешни работи на Република Македонија. По Парламентарните избори во 2011 година изјавил дека се повлекува од местото министер за надворешни работи[1].
[уреди] Наводи
- ↑ „Милошоски се повлекува од функцијата“. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139902. проверено на 2011-06-30.
|
|||||||||
|
||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||