Имер Селмани

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Имер Селмани (албански:Imer Selmani; Скопје , 20 февруари 1968) е македонски политичар, поранешен вицепремиер и министер за здравство. Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитет Свети Кирил и Методиј во Скопје. Живее во село Шишево. Toj e основач на политичката партија Нова Демократија.

[уреди] Кариера

Во 2000 година бил избран за градоначалник на општина Сарај, а на локалните избори во 2005 бил реизбран на таа позиција. Селмани од 2003 година, сè до формирањето на неговата партија Нова Демократија бил потпретседател на ДПА. На ова место дошол откако од 2001-2003 година бил претседател на партискиот огранок за Сарај. Имер Селмани од 2002 до 2005 година бил потпретседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Во 2006 година се кандидирал за пратеник од ДПА на парламентарните избори на кои победила ВМРО-ДПМНЕ која од 2002 до 2006 била опозиција. Во Владата на Никола Груевски бил избран за министер за здравство. На 2 септември 2008 година го најавил формирањето на партијата Нова Демократија, а ја промовирал на 14 септември. Се кандидирал за претседател на Македонија на претседателските избори 2009 година како кандидат на Нова Демократија. За време на предвремените парламентарни избори во 2011 година, неговата партија Нова Демократија доживува катастрофален пораз, и поради неосвојувањето на ниеден пратенички мандат, тој на 7 јуни 2011 година поднесува оставка како претседател на партијата.[1]


[уреди] Вон политиката

Селмани од 1993 година се занимава со бизнис со моторни масла и автоделови.

[уреди] Наводи

  1. Вренези, Наим (07.06.2011 16:32). „Имер Селмани поднесе оставка“ (на македонски). А1. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139066. проверено на 2011-06-07. 
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици