Бред Пит
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Бред Пит | |
| Роден(а) | Вилијам Бредли Пит 18 декември 1963 |
|---|---|
| Сопруг(а/и) | Џенифер Анистон (2000-2005) Анџелина Џоли (2005-) |
Вилијам Бредли "Бред" Пит (роден 18 декември 1963) е американски глумец.
Живот [уреди]
Бред Прит пораснал во Спрингфилд,Мисоури. Поголем дел од неговата фамилија е од англиско потекло. Веќе во 80те станува студент на публицистика, а неговата прва мала филмска улога - десетосекундната улога на момчето Чарли Вејд во тв серијата Далас. На публиката Пит им станува познат во 1991 играјќи во филмот Телма и Луис. Неговите филмски партнерки биле Сузан Сарандон и Гин Дејвис. Играјќи улоги во филмовите Река на спомени и Легендата за есента, важел за еден од тин идолите. За неговата улога за лудиот Џефри Гоинс во 12 Мајмуни добил Златен Глобус и една номинација на Оскар. Бред Пит во 1994, 1995 и 2000 е избран за Најзгоден Маж на Планетата според американското списание People.
Фамилија [уреди]
Бред Пит од 29 јули 2000 год. до 2 октомври 2005 год. бил оженет со американската глумица Џенифер Анистон. На 7 јануари тој се развел од неа. Пред бракот тој бил во врска со германската режисерка Катја вон Гарниер, глумицата и пејачката Жулиет Левис, како и глумицата Гвинет Палтроу. После улогата во филмот Г-дин и Г-ѓа Смит бил во врска со Анџелина Џоли. Во декември 2005 година поднел барање за старателство на децата на Анџелина Џоли, Медокс и Захара. Од јануари 2006 год. тие официјанло го носаат презимето Џоли Пит. Тие имаат и заедничка ќерка со име Шилоу Новел Џоли Пит која се родила на 27 мај 2006 год.
Филмографија [уреди]
|
|

