Будва

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Будва
Знаме на Будва Грб на Будва
Знаме Грб
Budva-Position.PNG
Информации
Градоначалник: Рајко Куљача (СДП)
Вкупна површина: 122km²
Население (попис 2003):
-само градот: 10 918
-општината: 15 909
-густина: 130,4 ж/km²
Основан: V век п.н.е.
Позивен број: +382 86
Ознака на рег. таблички: BD
Поштенски број: 86000
Веб страна на градот
(српски) http://www.budva.com/

Будва е приморски град во Црна Гора. Центар е на општината Будва и има околу 10 000 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера црногорски: Будванска ривијера), е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.

Будва е град стар околу 2 500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море.

Стариот дел на Будва, ноќе.


Историја[уреди]

Стариот дел од градот во 1615.

Има огромен број археолошки докази за тоа дека Будва е една од најстарите урбани населби на јадранското приморје, додека бројни пишани сведоштва кажуваат дека постои од V век п.н.е. Една легенда кажува дека Будва била создадена од Феникиецот Кадм, херој протеран од Теба, кој нашол засолниште на ова место за него и неговата жена Хармонија.

И други цивилизации исто така оставиле безброј траги: старите Грци и Римјаните. По падот на Римската империја и нејзината поделба на источна и западна, морето било линијата што ги двоела двете сили. Тоа довело до траен удар на историјата и културата на градот. Во средниот век, Будва била владеена од низа зетски кралеви.

Венецијанците го владееле градот речиси 400 години, од 1420 до 1797 година. Будва, (тогаш наречена на италијански Budua), била дел од Венецијанска Албанија и била утврдена со силни венецијански ѕидини против османлиските освојувачи. Мнозинството од населението го зборувало венецијанскиот јазик сѐ до почетокот на XIX век.

Во наредните бурни години, Будва преживеала промена на нејзините владетели: Австрија, Франција и Русија. Се склучил краткотраен сојуз помеѓу Бока Которска (и Будва) и Црна Гора (1813 - 1814), но од 1814 до 1918 Будва останала под Австриското царство. По Првата светска војна, во 1918 Будва станала дел од Кралството СХС (подоцна Кралство Југославија), а подоцна била припоена кон Кралството Италија во 1941 година.

Втората светска војна одзела многу животи од оваа област во борбата против фашистичките завојувачи. Будва била конечно ослободена од нацистите на 22 ноември, 1944 и, по повторното враќање во Југославија, сега е дел од неодамна независната држава Црна Гора.

Катастрофален земјотрес ја потресол Будва на 15 април, 1979. Многу од стариот дел на градот бил разрушен, но денес постои малку по што се познава дека таму се случил силен земјотрес; речиси сите градби се обновени со нивниот поранешен изглед.

Население[уреди]

Будва е управниот центар на општината Будва, којашто ги вклучува околните гратчиња Бечиќи и Петровац и има население од 15 909 жители (од пописот во 2003). Само градот Будва има 10 918 жители.

Етничка карта на Будва

Население на Будва:

Етнички групи (од 1991):

Етнички групи (од 2003):

  • Црногорци (45,33%)
  • Срби (40,87%)
  • Муслимани по националност (1,28%)
  • Хрвати (1,12%)


Стар дел[уреди]

Венецијанските ѕидини во Будва на поштенска марка од 1900 година.

Стариод дел на Будва има многу разни приказни за неговиот настанок. Историчарите веруваат дека порано бил остров што подоцна се сврзал со копното. Се вели дека стариот дел, заедно со останатиот дел, бил откриен од еден старогрчки морнар. Подоцна Римската империја го освоила целиот црногорски брег, со што извршила големо влијание.

Голем дел од архитектурата има венецијанско потекло. Вратите, прозорите, балконите и многу други мали, но забележливи работи, го содржат римскиот стил на Венецијанската Република. Исто така постојат и три главни цркви во стариот дел. Првата е Св. Иван, изградена во VII век, втората е Св. Марија, од 840 година, и третата е Света Троица, изградена во 1804 година. Венецијанските ѕидови во стариот дел се позната туристичка атракција.


Стариот дел е исто така познат по земјотресите од 1979, кога целиот град требало да се обновува. Биле потрошени 8 години (до 1987) за обновата да биде завршена.

Туризам[уреди]

Будва е центарот на црногорскиот туризам. Со повеќе од 250 000 посетители во летната сезона 2005, кои направиле вкупно повеќе од 1,6 милиони ноќи престој, Будва е убедливо најпопуларната дестинација во Црна Гора. Будва е сѐ попривлечна со секоја измината година, или заради вкупната должина на песочни плажи од 11 310m или заради огромното културно наследство и прекрасната архитектура.

Најпопуларната плажа во Будва е Могрен. Се наоѓа помеѓу неколку големи карпи, а до неа се стигнува преку пат од стариот дел на Будва долг 500m. Меѓу другите плажи што се во официјалните граници на градот се Ричардова глава, Пизана, Словенска и Гуванце. Многу други плажи се наоѓаат надвор од Будва, во помали градови и села, како Бечиќи, Јаз, Трстено, Маестрал, Милочер, Свети Стефан, Пржно и Каменово.

Budva (1).jpg

Многумина би рекле дека Будва е разнобојна бидејќи повеќето од градбите имаат многу разни комбинации од бои. Бидејќи Будва е град што се фокусира на нов стил на архитектура, покрај стариот дел, градот нема многу историски места. Во близината на Будва има ексклузивни град-хотели како Свети Стефан и Милочер, коишто се често посетувани од разни познати личности и локални бизнисмени и политичари.

Покрај сите убавини, постојат и неколку дупки во туризмот во Будва. Најголемата е несоодветната инфраструктура. Најчесто споменуваниот проблем во Будва, како и во целото црногорско крајбрежје, е недостатокот на спроведување на вода. Од неодамна, бидејќи бројот на туристи во Будва достигнува 100 000, недостатокот на струја исто така станал проблем.

Другиот значаен проблем е сообраќајот и просторот за паркинг во и околу Будва. Бидејќи повеќето плажи се наоѓаат околу Будва, кога туристите се враќаат од плажите во попладневните часови, се создаваат тешки сообраќајни метежи покрај брегот, така што патувањето од Свети Стефан до Будва, околу 10km, одзема околу еден час.

Проблемот со паркирање е исто така огромен недостаток. Сѐ повеќе туристи доаѓаат во Будва со сопствени коли, поради што се јавува огромна потреба од простор за паркирање околу градскиот центар. Понекогаш, мора да се чека во ред за паркинг место дури и по еден час.

Хотелите најчесто ги немаат овие проблеми, бидејќи се привилегирани во врска со водата и струјата.

Транспорт[уреди]

Будва е поврзана со Црна Гора со двосмерни патишта. Постојат два начина да се стигне до Будва од Подгорица: или преку Цетиње или преку новоизградениот тунел Созина. И на двата начина, Подгорица е оддалечена околу 60km и таа е главото вкрстување на патишта во Црна Гора.

Со останатите крајбрежни градови во Црна Гора, Будва е поврзана преку Јадранскиот автопат, којшто од југ продолжува од Улцињ до Херцег-Нови и понатаму до Хрватска.

Аеродромот Тиват е оддалечен 20km. Има редовни летови до Белград и Цирих, а други десетици чартери слетуваат дневно на аеродромот за време на летната сезона.

Аеродромот Подгорица е оддалечен 65km и има редовни летови до главните европски дестинации преку целата година.

Клима[уреди]

Будва има типична средоземноморска клима, со топли лета и студени зими, и 97 сончеви денови во годината. Будва спаѓа во најтоплите средоземноморски градови со просечна температура од 8 °C во јануари и 23,9 °C во јули. Просечната летна температура е 23,1 °C, а зимската 9,3 °C. Температурата на морето достигнува 24,7 °C во летните месеци, додека во есен е околу 18 °C и 19 °C.

Интересни работи[уреди]

  • Будва е наречена црногорски Кувајт, заради огромниот број на милионери, во споредба со нејзината мала населеност. По големата експлозија со недвижнини во Будва од 2000 година наваму, многу од староседелците ги продале нивните имоти во и околу Будва на странски купувачи, најчесто Руси, Ирци и Британци. Некогаш неразвиените полиња сега се продаваат за околу 1000 евра по квадратен метар. Ова довело до прераснување на сиромашното рибарско село во град со најмногу милионери (сразмерно со нејзиното вкупно население) во Европа. Многу од неодамна збогатените луѓе ивестираат повторно во недвижнини, купувајќи станови во Подгорица и Белград, што ги кренало цените на просторот за живеење во Подгорица.
  • Будва е најмалиот град во којшто се оддржал концерт на Ролинг Стоунс (The Rolling Stones). Концертот се оддржал на 9 јули, 2007, на плажата Јаз, како дел од нивната турнеја А Бигер Бенг Тур (A Bigger Bang Tour). На концертот се појавиле околу 35 000 посетители, три пати повеќе од населението на Будва.

Братски градови[уреди]

Надворешни врски[уреди]