Иван Точко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Точко
Роден/а9 јануари 1914
Македонија Охрид, Македонија
Починат/а12 ноември 1973
Македонија Скопје, Македонија
ЗанимањеПисател

Иван Точко (Охрид, 9 јануари 1914 - Скопје, 12 ноември 1973) — македонски раскажувач, новинар и драмски писател. Тој е еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Иван Точко се школувал во Охрид и Битола. Завршил Правен факултет во Белград и Театарска академија во Софија.[1] Бил учесник во НОВ на Македонија. По завршувањето на војната, работел како новинар во „Нова Македонија“ и во Радио Скопје, а покрај тоа, бил уредник на списанието „Македонија“. По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото бил уапсен, осуден и испратен на отслужување на затворската казна на Голи Оток.[2]

Загинал во сообраќајна несреќа, прегазен од автомобил, по излегувањето од автобус.

Творештво[уреди | уреди извор]

Литературната активност ја започнал во 1933 година со неговиот прв расказ „Нашиот поет“.[3]

Точко е автор на шест збирки раскази, три драми и две збирки со прозни минијатури:[4]

  • „Бојана“ (раскази, 1953)
  • „Акорди“ (раскази, 1956)
  • „Прстен“ (раскази, 1959)
  • „Раскази“ (1962)
  • „Вино за душите“ (новелети, 1968)
  • „Премиера“ (раскази, 1970)
  • „Грев“ (лирски минијатури, 1971)
  • „Плуто“ (драма, 1972)
  • „Охридска трилогија“ (три драмски текстови - „Под Акропол“, „Робинка“ и „Плуто“, 1974)

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Маринела Јовановиќ, Нада Филева „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002.
  2. Димче Најчески „Голооточки сведоштва“, Скопје, 2002, книга втора, 136-139 стр.
  3. Средба со Иван Точко[мртва врска]
  4. „Белешки за автор(к)ите“, во: Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 354.
  5. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 15-18.