Солунско Кралство

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Солунско кралство)
Солунско кралство
Βασίλειον Θεσσαλονίκης
Вазалство на Латинското Царство

1204 – 1224


Грб

Местоположба на Солун
Солунското Кралство во рамките на Латинското Царство (1204).
Главен град Солун
Јазици официјален: латински,
народ: грчки
Вероисповед официјална: Римокатоличка црква,
народ: Православие
Уредување Монархија
Крал
 -  1204–1207 Бонифациј Монтфератски
 -  1207–1224 Деметриј Монтфератски
Историски период Среден век
 -  Создадено 1204
 -  Присоединување кон Епир 1224

Солунското кралство е една од создадените Крстоносни држави после преземањето на Цариград во 1204 година на просторот на некогашна Византија, која во исто време претставувала и вазалство на Латинското Царство со седиште во Цариград.

Историја[уреди | уреди извор]

Нејзин основач и прв крал бил раководителот на четртиот крстоносен поход, Бонифациј Монтфератски (12041207). Најпрвин тој се согласил да биде испратен за преземање на вториот по големина град во Византија, Солун. Така во 1204 година, по претходното отстапување на Крит на венецијанците, тој го создал Солунското кралството, кое било потчинето на Балдуин. Кралството ги завладеало земјите Македонија, Тесалија и Тракија. По преземањето на островот Евбеја, Бонифациј Монтфератски помогнал во создавањето на нови држави: Атинската Грофовија и Ахајското Кнежевство, кои станале вазали на Солунското Кралство.

Бонифациј Монтфератски со државата раководел сè до 4 септември 1207 година, кога бил убиен од страна на бугарските војски на цар Калојан. Неговиот наследник бил неговиот син Деметрие, кој сѐ уште бил бебе, така што државата била управувана од страна на разни феудалци. Кралството било нападнато во 1210 година од страна на Епир. Овие борби со Епир продолжиле и во следните години, за да на крајот, Солунското кралство потпадне под Епирското Деспотство.

Солунски кралеви[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Haberstumpf, Walter (1995), Dinastie europee nel Mediterraneo orientale. I Monferrato e i Savoia nei secoli XII–XV, Torino, Архивирано од изворникот на 2005-12-31, Посетено на 2012-11-11
  • Runciman, Steven (1951–1954), A history of the Crusades, Cambridge: Cambridge University PressCS1-одржување: датумски формат (link)

Координати: 40°38′N 22°57′E / 40.633° СГШ; 22.950° ИГД / 40.633; 22.950