Мишо Јузмески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мишо Јузмески
Misho Yuzmeski.JPG
Роден 7 април 1966
Македонија Охрид, Македонија
Занимање Писател, Публицист, Фотограф,

Мишо Јузмески (Охрид, 7 април 1966) е македонски писател, публицист и фотограф.[1][2][3][4][5]

Биографија[уреди]

Јузмески работел како водич, туристички агент и преведувач. Покрај својот мајчин македонски јазик, тој зборува неколку европски јазици: бугарски, холандски, германски, англиски, француски, италијански, српски и шпански.

Во 1992 година учествувал во работата на првата приватна радио станица во Охрид. Во радиото работел речиси две години како уредник и водител на емисии. Во истата година се запознава со фотографот Атанас Талевски. Нивната средба ќe доведе до интензивна долгорочна соработка во областа на фотографската уметност.

Интерес кон пишувањето покажувал уште во средношколските денови, а со активно пишување се занимава од 1999 година[6]. Раскази и други текстови има објавувано во списанија и весници во Македонија[7][8] и странство (Бугарија, Чешка и други земји). Има објавено неколку книги и други публикации. Неговата прва книга, романот „Премин во маглата“, е преведена на англиски[9] и бугарски јазик, додека други дела му се преведувани на бугарски[10], чешки[11][12][13] и холандски јазик.

Фотографии има изложувано на самостојни и групни изложби[14][15], а некои се објавувани како илустрации во разни публикации.[16]

Во јуни 2011 година во Охрид го основа Културниот центар „Култура 365“, во кој се одржуваат изложби на уметнички дела и други културни манифестации.[17]

Библиографија[уреди]

A Passage through the Fog.JPG
Елшани живот меѓу каменот и водата.jpg
  • „Премин во маглата“ - роман, (Скопје, 2005) ISBN 9989-9744-5-4
  • „Нека биде светлина“ - есеи, (Благоевград, 2005)
  • „Пофални слова“ - есеи, (Благоевград, 2006)
  • Охридските бисери / The pearls of Ohrid - автор на двојазичниот текст (македонски / англиски) за фото монографијата на Никола Павлески (Охрид, 2007) ISBN 978-9989-2688-0-9
  • „Елшани - живот меѓу каменот и водата“ - монографија, (Елшани, 2009)
  • „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ - монографија, (Охрид, 2012) ISBN 978-9989-911-41-5
  • „Сто години копнеж“ - раскази, (Охрид, 2013) ISBN 978-9989-911-62-0
Преведени книги[уреди]
  • „A Passage through the Fog“ (Ohrid, 2009) ISBN 978-9989-911-01-9 - („Премин во маглата“ на англиски јазик)
  • „Проход в мъглата“ (Мелник, 2010) ISBN 978-954-447-016-6 - („Премин во маглата“ на бугарски јазик) [18]
  • „Our Dutch friend A. den Doolaard“ (Ohrid, 2012) - ISBN 978-9989-911-49-1 - („Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ на англиски јазик)
  • „Onze Nederlandse vriend A. den Doolaard“ (Ohrid, 2013) - ISBN 978-9989-911-56-9 - („Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ на холандски јазик)

Изложби на фотографии[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Извори[уреди]

  1. „Македонско сонце“ број 396, Скопје, 01. 02. 2002
  2. Весник „Вечер“ број 13290, 05.09.2006: „Книга на Мишо Јузмески за македонските работи“
  3. Никола Алтиев: „Слово за книгите“, Скопје, 2007
  4. Весник „Време“ број 1424, 18.07.2008: „Прва фотографска постановка на Мишо Јузмески“
  5. Ohridnews, 03.08.2009: „Документирана историјата за Елшани“
  6. Охридскиот писател Мишо Јузмески ги оживува подзаборавените дејци
  7. „Велес“ 7/2003, Велес 2003 ISSN 1409-6412
  8. „Современост“ 2/2004, Скопје 2004 ISSN 0038-5972
  9. A Passage through the Fog („Премин во маглата“ на англиски јазик)
  10. ИРИН ПИРИН - алманах за литература, изкуство и социален живот 1/ 2006, Сандански
  11. Mišo Juzmeski:Fotografie Atanase Talevského
  12. "Slovanský jih" (Časopis společnosti přátel jižnich slovanů v České republice) 01/2006, ročnik VI, únor 2006, Brno, Česká republika
  13. Мишо Јузмески: „Пофални слова“, Благоевград, 2006
  14. Изложба на фотографии во Елшани
  15. Изложба на фотографии во Мелник
  16. Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009
  17. Културните настани во Охрид ќе се негуваат преку целата година преку „Култура 365“
  18. Јузмески на бугарски јазик
  19. Dariknews, Изложба во Мелник
  20. Охридски културни дејци се претставија во Бургас