Атанас Талевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атанас Талевски
Роден 17 декември 1954
Македонија Велес, Република Македонија
Починал 27 јуни 2008
Македонија Скопје, Република Македонија
Куќата во Охрид, ул. „Коста Абраш“ бр. 19, во која живееше и работеше Атанас Талевски
Гробницата на Атанас Талевски и неговата мајка Рајна Илиева во Охрид

Атанас Талевски (17 декември 1954, Велес - 27 јуни 2008, Скопје) бил македонски фотограф.

Животопис[уреди | уреди извор]

Талевски поголемиот дел од животот го минал во родниот град, а од 1990 година живее во Охрид. Престојувал и во други земји, најмногу во Германија, Англија, Виетнам, Камбоџа, Мали, итн.

Со фотографија се занимавал од детските години. По доселувањето во Охрид фотографирањето му станува основната дејност. Цел на неговиот објектив се старите села, обичниот човек и неговата судбина, природата.

Во пролетта 2001 година во приземјето на својот дом во Охрид на ул. „Коста Абраш“ бр. 19, Талевски ја отвори постојаната изложба „Впечатоци од Македонија“. Со тоа беше отворена првата охридска уметничка галерија специјализирана за фотографска уметност. Галеријата функционираше до смртта на авторот.

На 6 јули 2007 година со Мишо Јузмески ја основаа првата фото галерија во Елшани. Првата активност на галеријата беше постојаната поставка на фотографии од Талевски која беше отворена до јули 2008 година.[1][2]

Талевски е погребан на Градските гробишта во Охрид.

Другите за Атанас Талевски[уреди | уреди извор]

  • „При фотографирањето, на Атанас основната преокупација му се човекот и неговата судбина. На неговите фотографии се гледаат обичните, мали и навидум безначајни луѓе. Всушност, тие луѓе се основата на овој наш свет. Тоа се лицата кои никогаш не би дошле на насловните страници од весниците и списанијата, лица кои го покажуваат светот во кој живееме, без маски и без дотерувања. Онаков каков што и навистина е.

Фотографските записи од Атанас Taлевски се огледалото во кое и најдобро се огледува овој наш свет, насликан во природни бои и погледнат од сите страни. На неговите фотографии го гледаме она што е толку вообичаено, но ете, поради некоја причина, не сакаме да го видиме и да го препознаеме, да го прифатиме или само да го сфатиме. Фотографиите на Атанас се нашата совест, но и немоќ да се соочиме со вистината. Тие се доказ за нашиот обид за бегство од реалноста на овој свет.“

  • „На едно место и во еден миг, фотографската умешност на Атанас Талевски ни ги отвора очите, ни го открива светот, кој некои толку многу се обидуваат да го скријат и заборават. Сепак, она што во секојдневниот живот ни е грдо и одбивно, на фотографиите ни изгледа сјајно и убаво. Дали не треба, можеби, светот да го гледаме како една убава фотографија? Дали, можеби, на овој свет му недостига храброст да се погледне во огледалото, да се соочи со сите свои бои, без некои да ги прикрива, а другите да ги истакнува!?

Додека ги разгледуваме фотогрaфиите, тие ни ги будат спомените и чувствата, нè тераат да размислуваме и да се преиспитуваме: кои сме и каде сме, каде ќе завршиме?“

„Фотографските записи на Атанас Талевски“ од книгата „Пофални слова“ на Мишо Јузмески[3]

Самостојни изложби [4][уреди | уреди извор]

1996

  • СКОПЈЕ: Фотографии од Виетнам

1997

  • MOРБАХ (Германија): Фотографии од Охрид

1998

  • СКОПЈЕ: Паралели - Охрид и Прованса;
  • OХРИД: Паралели - Охрид и Прованса;
  • ЛУР (Франција): Паралели - Охрид и Прованса;
  • СКОПЈЕ: Фотографии од Тунис;
  • ОХРИД: Фотографии од Тунис;

1999

  • ВЕЛЕС: Фотографии од Македонија;
  • НИРНБЕРГ (Германија): Фотографии од Македонија;
  • ГОРД (Франција): Фотографии од Македонија;
  • MAНОСК (Франција): Фотографии од Македонија;
  • ЛУР (Франција): Фотографии од Македонија;
  • СКОПЈЕ: Фотографии од Романија;
  • ОХРИД: Фотографии од Романија;

2000

  • OХРИД: Фотографии од Индија;
  • СКОПЈЕ: Манастирите ИСТОК - ЗАПАД;
  • ПРИЛЕП: Манастирите ИСТОК - ЗАПАД;
  • БИТОЛА: Манастирите ИСТОК - ЗАПАД;
  • ШТИП: Манастирите ИСТОК - ЗАПАД;
  • ФОРКАЛКИЕ (Франција): Фотографии од Македонија;
  • ЛУР (Франција): Фотографии од Македонија;
  • ФРАНКФУРТ (Германија): Фотографии од Македонија;
  • СКОПЈЕ: Фотографии од Македонија;

2001

  • КОРЧА (Албанија): Фотографии од Македонија;
  • ОХРИД: Фотографии од Албанија;
  • ОХРИД: Фотографии од Македонија (постојана изложба во домашната галерија);

2002

  • ЉУБЉАНА (Словенија): Фотографии од Македонија;
  • ГОРД (Франција): Фотографии од Македонија
  • ОХРИД: Фотографии од Прованса (Франција);

2003

  • СКОПЈЕ: Фотографии од Македонија

2004

  • ОХРИД: Фотографии од Виетнам;
  • ПРАГА (Чешка): Фотографии од Македонија;
  • ЕЛШАНИ: Фотографии од Македонија [5]

2005

  • БРНО (Чешка): Фотографии од Македонија;
  • МОСКВА (Русија): Фотографии од Македонија;
  • ЛОЗАНА (Швајцарија): Фотографии од Македонија,

2006

  • КАРМЕЛ (Калифорнија, САД): Фотографии од Македонија;
  • ГОРД (Франција): Фотографии од Македонија;
  • КЕУРУ (Финска): Фотографии од Македонија;
  • БЕЛГРАД (Србија): Фотографии од Македонија.

2007

  • САНТА ФЕ (Ново Мексико / САД)[6]: Фотографии од Македонија;
  • КЕУРУ (Финска): Фотографии од Македонија;

2008

  • САНТА ФЕ (Ново Мексико / САД): Фотографии од Македонија;
  • ДЕН ХЕЛДЕР (Холандија)[7]: Фотографии од Македонија
  • СКОПЈЕ: Фотографии од САД

Други активности[уреди | уреди извор]

Атанас Талевски има учествувано на бројни групни изложби, конкурси за фотографија и други јавни настани. Некои од неговите фотографии можат да се видат на насловните страници, или како внатрешни илустрации на книги и списанија:

  • Thammy Evans: Bradt Guide Book to Macedonia, 2004 (корица - напред, внатрешни илустрации)
  • Мишо Јузмески: „Премин во маглата“, 2005 (корица - напред и назад)
  • Мишо Јузмески: „Нека биде светлина“, 2005 (предна корица)
  • Мишо Јузмески: „Пофални слова“, 2006 (корица)

Посмртно[уреди | уреди извор]

По смртта на Талевски неговите пријатели продолжија да го чуваат споменот на неговото дело организирајќи изложби на неговите фотографии.[8][9]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Ohridnews:„Галерија на Атанас Талевски во Елшани“[мртва врска]
  2. Јузмески, Мишо: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009
  3. „Јузмески, Мишо: „Пофални слова“, Благоевград 2006
  4. „Атанас Талевски во Прага". Архивирано од изворникот на 2008-02-14. Посетено на 2009-11-19.
  5. „Весник „Вест" број 1242, 20. 08.2004: „Фотографии од Атанас Талевски во Елшани". Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2009-11-19.
  6. Весник „Вест“ број 2235, 30. 11. 2007: „Фотографии на Атанас Талевски во САД“[мртва врска]
  7. Изложба на Атанас Талевски во Холандија
  8. Комеморативна вечер во спомен на охридскиот фотограф Атанас Талески
  9. Изложба: „Култура 365“ во спомен на Атанас Талевски[мртва врска]