Александар Џамбазов
| Александар Џамбазов | |
| Роден | 3 февруари 1937[1] Стапар, Војводина |
|---|---|
| Занимање | диригент и композитор |
Александар Џамбазов (роден на 3 февруари 1937 година во село Стапар, Војводина) е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство (Раденци во Словенија итн.). Добитник е на голем број (педесетина) стручни награди.
[уреди] Творештво
Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ - за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ - за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.
[уреди] Извори
- Бунтевска, Сузана (2005). ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Британика:С-Ф (Скопје:Топер). ISBN 9989-165-15-7
[уреди] Наводи
- ↑ Buntevska, 2005, стр. 203.