РК Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
ГРК Охрид
Целосен називГрадски Ракометен Клуб
Охрид 2013
Основан2011; пред 13 години (2011)
ИгралиштеСала Билјанини Извори
Приемност3,500
ПрестедателИгор Бежоски
Главен тренерГоран Андоновски
ЛигаСупер Лига на Македонија
2021/226. место (2021/22)
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински

ГРК Охридракометен клуб од Охрид, Македонија, кој моментално се натпреварува во македонската супер лига.

Историја[уреди | уреди извор]

ГРК Охрид е основан во 2011 година. Клубот за прв пат влегол во македонската супер лига во сезоната 2013/14, и во својата премиерна сезона завршил на седмото место во регуларниот дел од сезоната и на второто место во плеј-аут разигрувањето.

Во сезоната 2016/17, ГРК Охрид го освоил првото место на табелата во регуларниот дел од супер лигата, а во плеј-оф разигрувањето го освоиле третото место, зад Вардар и Металург, со што обезбедиле премиерно учество во европските натпреварувања.

Во сезоната 2017/18, ГРК Охрид премиерно учествувал во ЕХФ Купот.[1] Во првото квалификациско коло ГРК Охрид бил подобар од холандскиот тим Фолендам,[2] а во второто коло бил поразен од португалскиот тим Порто.

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Состав за сезоната 2022–23

Голмани
  • 12 Грузија Зураб Цинцадзе
  • 16 Македонија Виктор Василевски
Леви крила
  • 04 Македонија Крсте Андоноски (к)
  • 07 Грузија Хазеин Рустамов
  • 17 Македонија Никола Ристески
Десни крила
  • 05 Црна Гора Балша Чејовиќ
  • 08 Македонија Наум Костов
Пивоти
  • 10 Македонија Кристијан Димитриевски
  • 19 Македонија Иван Тасески
  • 32 Србија Владимир Бојаниќ

Леви бекови
  • 14 Македонија Даниел Андоновски
  • 23 Македонија Владимир Наумоски
  • 77 Македонија Тоше Ончев
Средни бекови
  • 18 Македонија Стефан Бошковски
  • 22 Црна Гора Владан Кастратовиќ
  • 24 Турција Халил Озтурк
Десни бекови
  • 09 Србија Никола Грубиќ
  • 13 Македонија Никола Шипинкоски

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „HC Ohrid 2013“. eurohandball.com преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2019-12-23. Посетено на 23 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Охрид преку Фолендам до второто коло во ЕХФ Купот! Архивирано на 3 септември 2022 г. mkd.mk; 3 септември 2017

Надворешни врски[уреди | уреди извор]